ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Во Брисел се зголемува нивото и интензитетот на дебатата за нови членки на ЕУ

July 5, 2023 09:51
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ 

И додека по дома се уште го трошиме времето на јалови дебати околу тоа дали треба да ги направиме уставните реформи или не, во Брисел возот за земјите кандидати за членство, се подготвува да ги повика патниците да ги заземат своите места.

Лидерите на 10 земји членки на ЕУ на крајот од минатата недела се собраа на неформален појадок  во Брисел за да разговараат за иднината на ЕУ со нови земји членки. Процесот на проширувањето мора да продолжи без понатамошно одлагање. Ова отрезнување во ЕУ по долго колебање уследи по промената на геополтичката реалност на континуитетот со бруталната руска агресија на Украина.

Овој неформален појадок го иницираа  шефовите на држави и влади на  Франција, Германија и Холандија. Повикани беа нивните колеги од Белгија, Италија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија и Шведска.

Разговорите биле фокусирани на прашањето како да се управува со процесот на проширување паралелно со размислувањето за тоа како ќе функционира ЕУ со идните членки.

Прашањата кои биле отворени на овој значаен состанок за иднината на ЕУ се фокусирани на процесите на управување и донесување одлуки,  функционирањето на внатрешниот пазар на ЕУ и промените во буџетот на блокот, влијанието врз областите на политиката како што се земјоделството, како и колку брзо да се воведе слобода на движење.

Ова е прв ваков состанок во ЕУ на највисоко ниво што е индикатор за ургентноста од консолидација  на континуитетот.

Познато е дека меѓу земјите членки постојат различни ставови околу иднината на ЕУ.

Некои, Холандија и Германија на пример, не гледаат како полноправни членки кои можеби во прво време се додека не се реформира процесот на донесувањето на одлуки со консензус, би немале право на вето во Советот на министрите и веројатно би имале еден ротирачки комесар од целиот регион. Франција е повоздржана, заедно со демохристијаните во Германија и се обидува да најде решение во рамките на Европската економска заедница. Во меѓувреме се поголемо е расположението во процесот на преговорите да се отворат постепено фондовите кои се валидни за земјите членки со цел да се забрза трансформацијата на општествата во земјите кандидати.

Околу различните идеи за иднината на ЕУ и членството на земјите од Западен Балкан, а се поизвесно и за Молдавија и Украина, изјава побаравме од вицепремиерот Бојан Маричиќ.

„Добро е,  и нам ни оди во прилог дебата за иднината на Европа и проширување на ЕУ да е активна, од која очекуваме конкретен одговор и порака за конкретна временска рамка и поголема извесност за обединувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Без оглед на разликите во пристапот на политиката на проширување на ЕУ, за кои сметам дека во суштина се разликуваат само во формата, бидејќи крајната цел им е иста а тоа е членство на земјите од регионот во Унијата, за нас е важно да останеме на брзата лента за евроинтегрирање- изјави вицепремиерот Маричиќ за НОВА.

Од посетата на претседателката на ЕК во Скопје: Фон дер Лајен-Маричиќ

Неодамна претседателката на ЕК претстави план за иднината на Западниот Балкан во ЕУ.

Планот е изграден на 4 клучни столба – приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, продлабочување на регионалната економска интеграција, забрзување на основните реформи и зголемување на претпристапните фондови на Западен Балкан. Фон дер Лајен нагласи дека целта е да се донесат дел од придобивките од членството во ЕУ за луѓето од Западен Балкан.

Се чини дека ова е нов пристап на ЕУ, како што објасни Фон дер Лајен „не само што бараме од нашите партнери да преземат нови чекори кон нас, туку правиме и голем чекор кон нив“, изјави претседателката на Европската Комисија.

Урсула фон дер Лајен

„Секоја идеја, вклучувајќи ја и идејата која ја претстави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која низ конкретен план со конкретни чекори ќе бидат од наш интерес и ќе значат забрзување на процесот и конкретни придобивки за граѓаните е за поздравување и за прифаќање. Интегрирањето во економска заедница и отворањето на вратите за брзо усогласување на внатрешниот пазар на ЕУ ќе даде директен позитивен инпут во работењето на македонскиот бизнис сектор, развојот на економијата и општо животниот стандард на граѓаните.-,вели Маричиќ коментирајќи го овој план на ЕК.

Тој во изјават исто така нагласи дека од наша страна се инсистира да се забрза процесот со цел во 2030 да станеме полноправна членка.

„Од разговорите во ЕУ очекуваме и поголема финансиска поддршка за повеќе реформи и отворање на вратата на некои области за вклучување во политиките на ЕУ пред членството. Но, ова не треба да значи замена за полноправно членство во ЕУ. Ние од тоа не отстапуваме и имаме цел и план до 2030 да станеме членка на ЕУ. Не сме толку економски моќни како Швајцарија и Норвешка за да се споредуваме со овие држави, а и клучна разлика меѓу нас и нив е тоа што тие не сакаат да станат членки на ЕУ, а ние сакаме. Она што нам ни треба за траен просперитет, силна економија и стабилност е членство во ЕУ, за придобивките кои денес ги имаат нашите соседи членки на ЕУ, Хрватска, Словенија да ги почувствуваат и македонските граѓани, изјави Маричиќ за НОВА.

Во овој контекст тој повторно ја потенцираше важноста од донесувањето на уставните измени кои ќе ја овозможат и втората фаза од преговарачкиот процес.

„Времето во кое живееме и околностите треба дополнително да не мотивираат храбро да зачекориме кон иднината, да бараме решение пред нас, тоа е знак на зрелост и одлучност со цел граѓаните да добијат позитивен поттик за развој и просперитет.  Некогаш најтешките одлуки се и најдобрите со што сакаме да ставиме акцент дека нашата опција е полноправно членство во ЕУ и во подобра иднина за сите нас“, вели Маричиќ за НОВА.

Преземено: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бојан МаричиќЕвропска комисијаУрсула фон дер Лејенчленство во ЕУ

НАЈНОВО

Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот

May 23, 2025

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

May 23, 2025

Мајмунски сипаници во Македонија – епидемиологот Даниловски вели дека не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk