ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривични за 20 лица осомничени за криумчарење луксузни возила со вкупна вредност од 500 до 600 илјади евра

July 5, 2023 14:36
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Поднесена е кривична пријава за 21 лице од кои 20 физички и едно правно лице од страна на Јавното обвинителство – Скопје во истрага за 15 возила криумчарени од западно европските земји со вкупна вредност од 500 до 600 илјади евра.

Јавната обвинителка, Наташа Сарамандова денеска информираше дека 18 лица се лишени од слобода, две се во бегство, додека за осум лица ќе биде отворена истражна постапка за кривично дело криумчарење, помагање во вршење на дело криумчарење и други кривични дела како што се фалсификување на службена исправа, фалсификување на исправа, помагање, односно прикривање на предмети прибавени со кривично дело криумчарење, па дури имаме и злоупотреба на лични податоци.

– Овие возила биле предмет на кривично дело во други европски држави и предмет на меѓународна потрага со кривичното дело криумчарење, но потоа се прават фалсификатите, односно фалсификување на службена исправа, фалсификување на исправа за нивно регистрирање, односно легализирање, по што се преминува дури и на прикривање на кривичното дело со тоа што се препродаваат и тоа за многу кратко време од едно на друго лице за многу пониска цена се додека не се прикријат трагите од кривичното дело за да истите се продадат на физичко лице со вредноста којашто навистина би била проценета дека е од важност за тоа возило, истакна Сарамандева.

Од 20-те осомничени лица, обвинителката информираше дека за две лица веќе и се водела постапка и оти така и почнал овој предмет, пет од нив се службени лица вработени лица во МВР во Одделот за управни работи, другите се физички лица кои веќе имале начини на примена на овие инкриминирани дејствија во повеќе наврати и едниот од нив е правно лице.

– Во моментов се лишени 18 лица од слобода, две лица се во бегство, против осум лица ќе бидат поднесени предлози за мерка притвор, од кои шест се веќе обезбедени, две од тие лица се во бегство, така и ќе биде предлогот, за определување на мерка притвор во бегство, а за останатите лица ќе бидат предложени мерки за обезбедување со оглед на тоа дека се работи за скратена постапка односно кривични дела за коишто е определена скратена постапка, рече обвинителката Сарамандева.

Од ЈО во писмено соопштение појаснуваат дека возилата, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа осомничените службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација.

Како што се вели во соопштението, со цел да се прикријат трагите, автомобилите меѓусебно ги препродавале по неколкупати за краток временски период, по што трајно ги оттуѓувале на физички и правни лица во државава.

Tags: Јавно обвинителство – Скопјекривична пријаваЛуксузни возила
Next Post
Getty Images

Манчестер јунајтед се засили со Маунт

НАЈНОВО

Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација

August 27, 2025

ДКСК не констатираше неправилности при назначувањето блиско лице на премиерот за државен советник во министерство

August 27, 2025

Филипче: СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk