ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост

July 6, 2023 09:49
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Како Градоначалник на Општина Центар, можам да ви ветам дека ќе продолжам да се залагам за унапредување на човечките права на сите категории граѓани и во мојата агенда секогаш ќе има место за проекти што ќе ја зацврстат улогата на жената и ќе ја подигнат свеста за родовата еднаквост“, изјави вчера градоначалникот Горан Герасимовски на настанот „Остави трага“, посветен на младите, со цел да ги поттикнат на зголемено општествено учество и да ја подигнат свеста за еднаквоста во општеството.

Герасимовски исто така истакна дека како земја потписник на Истанбулската конвенција државата мора да се стреми кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост, општество отворено за нови предизвици, демократско општество каде што се почитуваат вредноста и достоинството на сите граѓани.

„На територијата на Општина Центар активно дејствуваат неколку женски здруженија, сите програми за работа на службите се родово балансирани, а во самата Општина функционира интерсекторска група составена од претставници од сите сектори што работат на областа за родовата еднаквост и родовиот паритет под водство на ментор доделен од UN Women. Со оваа организација Општина Центар склучи Меморандум за соработка во чии рамки беа посетувани обуки од областа на развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемаштво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии за што беа доделени сертификати во зависност од посетената обука.

Настанот кој беше посветен на младите и подигањето на свеста за еднаквата застапеност во општеството е почеток на кампањата „Остави трага“ која ја спроведува Министерството со поддршката на Совет на Европа и Институтот за добро владеење и Евро-Атлантска перспектива.

Tags: Герасимовскиродова еднаквостЦентар
Next Post

ЕВН: Жители на Слупчане протизакоснки отвориле енергетски објект, без струја селата од липковско, Оризаре, Ваксинце и Лојане

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk