ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Студија: Повеќе од 60.000 Европејци починаа лани од високи температури

July 10, 2023 20:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 61.000 луѓе веројатно починале во Европа минатото лето како последица на екстремно високите температури, покажуваат резултатите од новото истражување што сугерира дека напорите на европските земји да се подготват за екстремни горештини толку многу се неуспешни што завршуваат како фатални, пишува Гардијан.

Студијата на научници од неколку европски здравствени институти укажува дека повеќе од 61.600 жители починале од последици поврзани со топлината во 35 европски земји од крајот на мај до почетокот на септември 2022 година за време на најжешкото лето досега забележано во Европа.

Студијата, чии резултати беа објавени денеска во списанието Nature Medicine, открива дека медитеранските земји, како Грција, Италија, Португалија и Шпанија, забележале највисока стапка на смртност во однос на бројот на жители.

Медитеранот е под влијание на процесот на дезертификација, па топлотните бранови во текот на летните месеци се засилуваат токму поради вакви сушни услови, вели коавторката на студијата, Џоан Балестер, професорка на Институтот за глобално здравје во Барселона.

Во текот на минатото лето, кога европските земји беа зафатени од бројни и интензивни шумски пожари и големи суши, во јули Португалија забележа највисока температура од 47 степени Целзиусови, што е нешто помалку од најжешката температура забележана во таа земја, која изнесуваше 47,3 степени во 2003 година. Во апсолутни бројки, најмногу смртни случаи поради горештините и топлотните бранови се регистрирани во Италија (18.010), Шпанија (11.324) и Германија (8.173).

Имајќи предвид дека климатските промени предизвикани од човековата активност ги зголемуваат температурите, топлотните бранови стануваат се почести и поинтензивни. Екстремно високите летни температури може да бидат фатални бидејќи често предизвикуваат топлотен удар или ги влошуваат постоечките кардиоваскуларни и респираторни заболувања, а меѓу најранливите се повозрасните лица.

Г. Т.

Tags: 2022 годинависоки температуриевропапочинатиСтудија
Next Post

Сојузниците на НАТО ги договорија плановите за одбрана од руски напад

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk