Албанскиот претседател Бајрам Бегај Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, Литванија, го оцени како клучен момент за безбедноста на евроатлантскиот регион.
– Самитот на НАТО во Вилнус е клучен момент за безбедноста на евроатлантскиот регион. Одлуките донесени за време на овој самит ќе бидат корисни за зајакнување на кохезијата и единството на нашата Алијанса, како и за обезбедување засилена поддршка за Украина, напиша Бегај во објавата на Твитер.
По пристигнувањето во Вилнус реагираше премиерот Еди Рама Рама наведувајќи дека .„На Самитот во Вилнус сојузниците се посилни и порешителни од било кога за одржување на мирот, заштита на слободата и безбедноста на нашите народи.
Претходно тој најавуви дека на Самитот ќе ја потврди цврстата посветеност на Албанија кон НАТО и оти неговата земја е подготвена да ангажира дополнителни трупи.