ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анкета на Градска: Граѓаните со шишиња во рака, повеќето јавни чешми во Скопје не работат

July 11, 2023 15:32
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото/ Градска редакција

Фото/ Градска редакција

Share on FacebookShare on Twitter

Се знае дека летните денови во Скопје знаат да бидат жешки и неподносливи, на некои места понекогаш дури и над 40 целзиусови степени. Состојбата е уште полоша во строгиот центар на градот, чаршијата и некои други делови на градот каде доминира бетонизацијата, а зеленилото е по ретко.

За граѓаните и туристите кои го посетуваат градот дополнителен проблем е немањето доволно јавни чешми за да напијат капка вода и да се освежат.

Градска редакција реализираше анкета во главниот град и ги праша дали знаат каде може да има поставено јавни чешми во околината на „Плоштад Македонија„?

Одговорите беа идентични, не знаат каде има чешми и според нив најдобро решение е да се понесе со себе шише со вода од дома. Според нив порано имаше повеќе чешми поставени низ градот, но сега не.

Градска редакција низ прошетката на некои фреквентни места низ градот забележа дека на неколку места има поставено јавни чешми но не се функционални и низ нив не тече ни капка вода.

Фото/ Гдаска редаквија:

Јавна чешма во плоштадот „Пресвета Богородица„ тече но кој од неа би се нафатил да пие вода? Запоставена, наталожено со лисја и ѓубре, ‘рѓосена и завиткана со хлор, никнало и диви растенија.

 

Фото/Градска редакција

Друга јавна чешма во полоштадот „Пресвета Богородица„ целосно не функсионална,запоставена, наталожено со лисја и ѓубре, ‘рѓосена и завиткана со хлор.

 

Фото/ Градска редакција

Јавна чешма на кеј на Вардар „13 ноември„ кај Холидеј Ин, целосно нефонксионална, пренамената за згаснување цигари.

 

Фото/ Градска редакција

Чешма „Парк Чаир„ целосно нефункционална, личи на дворно корито за чешма но не и на јавна градска чешма.

Нашата редакција испрати и писмени прашања до ЈП „Водовод и канализација„ – Скопје но досега не добивме никаков одговор.

Според информацијиите кои пред некое време ги објави Грдаска.мк Минатата година од јавното претпријатие информираа дека во градот има 240 чешмички, а годинава велат 200. Што се случило со другите, нема информација.

На територијата на град Скопје има околу 200 чешми за вода на јавни површини. Оние кои се на јавна површина со надлежност на Град Скопје се во функција и редовно се одржуваат, додека ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука за поставување водомери на чешмите што се во надлежност на општините, кои по поставувањето на водомерите, ќе бидат одржувани од нивна страна, додека оние што нема да бидат преземени од општините нема да бидат пуштени во работа – велат од претпријатието.

Н.Ш / Градска редакција

камера и монтажа Ариан Мехмети

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Град Скопјејавни чешминефунксионални
Next Post

Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи

НАЈНОВО

Џим Џармуш со Златен лав во Венеција за филмот „Татко, мајка, сестра, брат“

September 7, 2025

Хеликоптерска несреќа во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk