Утрово, Дабнички канал на потегот покрај типската населба во Прилеп, осамна со турнати контејнери во него. Непознати строрители полните контејнери со отпадоци ги извадиле од еколошките острови и ги турнале во каналот. Двата контејнери за собирање на комунален отпад и за селекција на Пет амбалажа и пластика се делумно оштетени.
И покрај заложбите на „Комуналец“ Прилеп да овозможи низ целиот град да биде поставена комунална опрема, со групирање на контејнери и изградба на еколошки острови, сепак, несовеста и некултурата на поедини граѓани никако да престане.
И каде сме тргнале ние во Европа, кога сеуште исфрламе отпад насекаде каде што ќе ни текне, а повремено кога немаме на кого, се одмаздуваме на контејнерите полни со отпад.
извор: ЈКП Комуналец – Прилеп