Во Општина Карпош денеска ќе биде пуштен во употреба Центар за дневен престој за деца со попреченост, кој е лоциран во Основното училиште „Вера Циривири-Трена“ во населбата Карпош 2.
Децата во Центарот ќе добиваат индивидуален третман од специјални едукатори и стручни соработници раководени и координирани од здружението „Монтесори“ кое е давател на услугата.
-Дневниот центар за деца со попреченост во општина Карпош е еден од проектите финансиран од Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршка на Светска банка, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
На отворањето на Центарот ќе се обратат министерката Јованка Тренчевска, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски и Билјана Стерјадовска Стојчевска, претседател на македонското „Монтесори“ здружение.