СВР Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ во битолскиот затвор.
– На 11.07.2023, во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение, соопшти МВР.