Италијанските контролори на летање и работниците на земја планираат штрајк за утре, во екот на сезоната на патувања, што значи дека се веројатни доцнења на летовите, јави ДПА.
Многу летови може да бидат засегнати, соопштија денеска италијанските медиуми. Авиокомпаниите ги повикаа патниците да го проверат статусот на нивните летови и да очекуваат можни откажувања и доцнења.
Персоналот на земја кој работи на пријавување на италијанските аеродроми планира утре да штрајкува од 10 до 18 часот (0800-16:00 GMT).
Покрај тоа, пилотите кои работат за Малта Ер, кои управуваат со летовите на Рајанер во Италија, планираат да штрајкуваат од 12 до 16 часот.
Пилотите и стјуардесите кои работат за буџетската авиокомпанија Vueling се повикани на штрајк утре од 10 до 18 часот.
Рајанер објави соопштение во кое се вели дека летовите до и од Италија ќе бидат ограничени или откажани поради штрајковите.
Авиокомпанијата ИТА Ервејс ќе се соочи со откажување на околу 133 летови тој ден.