На тригодишниот Алексеј од Скопје кој е предвремено родено бебе, дијагностицирана му е ретка болест, хипоксична енцефалопатија. Болест која се каракетризира со недостаток на кислород во мозокот и создава ризик од сериозни оштетувања.
Болеста на Алексеј му ја дијагностицирал доктор од Турција, каде треба да замине на операција за трансплантација на матични клетки.
За првите две трансплатации семејството има потреба од 19.000 евра, а доколку успеат, ќе престојат уште четири, за што би требало најмалку 60.000 евра.