ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Oд тематската владина седница за новата Рамка за партнерство со Светска банка: Силен сигнал дека државата е на вистинскиот пат

July 18, 2023 16:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија одржа тематска седница посветена на Анализата на Светска банка за новата Рамка за партнерство на Светска банка со нашата држава.

Клучната цел на новата Рамка за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка за периодот 2024-2028 година е постигнување инклузивен, одржлив и зелен раст на економијата.

На седницата беа присутни претставници на Светска банка во нашата држава, а Анализата ја презентираа пред Владата регионалната директорна на Светска Банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју и директорот на Светска банка во земјава Масимилијано Паолучи. На седницата се обрати и извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсе.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во поздравното обраќање посочи дека денешната тематска седница на Владата со високи претставници на Светска банка и изработката на новата Рамка за партнерство помеѓу Северна Македонија и Групацијата на Светска Банка е продолжување на долгогодишното партнерство, кое годинава бележи 30-годишна соработка.

„За Владата, соработката со Светска Банка е од огромно значење. Поддршката што ја добиваме е силен сигнал дека чекориме на вистински пат. Претставува мотивација да продолжиме со политиките и започнатите реформски процеси. И истовремено дава сигнал кон меѓународните чинители и меѓународните финансиски пазари. Нашата јасна определба за отпочнување преговори со Европската Унија е видлива и нотирана низ документите и Предлог програмата на Банката. И нè чека многу работа и посветеност кон реализација на проектите и тимска работа во наредниот период. Заедно да ги надминуваме предизвиците, да ги искористиме можностите и да сработиме за идните генерации”, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, потенцираше дека партнерството со оваа меѓународна финансиска институција е од особено значење за натамошниот развој на нашата економија на патот кон ЕУ.

„Како Министерство за финансии, континуирано работиме, во координација со другите министерства да ја реализираме тековната имплементација на проектите, но и да продолжиме со нови проекти кои се продолжение на веќе отпочнатите реформи, а во насока на ЕУ процесите што ќе бидат отсликани во новата Рамка/Стратегија на земјата. Банката јасно укажува дека инклузивен, одржлив, зелен раст на економијата е наш приоритет.

Денес, покрај заложбите на Министерството за финансии кон реализација на нашите јасно определени приоритети како фискалната консолидација, ПФМ програмата и останатите структурни реформи, заеднички се залагаме за унапредување на човечкиот капитал, зелената агенда, инклузивно општество за сите”, рече министерот Бесими, кој е гувернер во Светската банка.

Претставниците на Светска банка го потенцираа значењето на одржлив и инклузивен развој на економијата и на континуитетот на политиките и нагласија дека Светска банка останува партнер на Северна Македонија во развојот на државата и ќе продолжи да го поддржува унапредувањето на државните капацитети во реализацијата на овие цели.

Рамката за партнерство на земјата со Светска банка за периодот 2024-2028 ќе ги вклучи приоритетите на Владата претставени во националните стратешки документи и во Програмата за економски раст, којашто ги содржи и клучните реформи, заеднички усвоени со ЕУ. За успешна реализација на Програмата е важно добро дефинирање на приоритетите.

Дополнително, со Светската банка се работи на Стратегија за човечкиот капитал, којашто се очекува да биде усвоена во наредниот период и којашто ќе даде придонес кон новата Рамка за Партнерство со земјава.

Tags: ВладаСветска Банкаседница
Next Post

Самитот на Г-20 во Индија ќе заврши без заедничка најава, спротивставени позиции околу војната во Украина

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk