ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски-Дамјановиќ: Регионалниот пристап кон ИПА програмите ќе го забрза интегрирањето на регионот во ЕУ

July 19, 2023 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со делегација на Република Црна Гора предводена од министерот за финансии на Црна Гора Александар Дамјановиќ. Теми на разговорите беа унапредување на соработката меѓу двете земји, состојбата во процесот на ЕУ интеграциите и планови за унапредување и модалитети на нови иницијативи и соработки. Дваjцата  министри потврдија дека се работи за исклучително блиски земји и народи со досегашна соработка на врвно ниво, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Меѓу нашите две земји имаме извонредна соработка, взаемна поддршка, делиме исти проблеми, веруваме во исти вредности и имаме исти приоритети кон својата иднина, а таа е во Европска Унија, потенцираше министерот Спасовски за взаемните односи со Црна Гора и нивното константно унапредување.

Министерот Дамјановиќ изрази поддршка на сите регионални иницијативи како Отворен Балкан и Берлински процес кои на крајот треба да резултираат со интеграција на целиот регион во Европската Унија со бришење на границите и слободен проток на луѓе и стоки. Посебен акцент на средбата беше даден на планираната иницијатива на Националните ИПА координатори за заеднички регионален настап преку заеднички иницијативи и проекти пред Европската комисија во рамките на достапните ИПА фондови.

-Со оваа иницијатива имаме формален почеток на регионалниот пристап во делот на искористување на можностите кои ги нудат ИПА фондовите пред Европската комисија, вели Дамјановиќ.

На регионално ниво јакне свеста дека ИПА механизмот е моќен извор на средства и заедничкиот пристап само може да ја зголеми соработката и степенот на искористување на овие фондови, потенцираше министерот Дамјановиќ, соопшти МВР.

Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи е еден од најголемите корисници на ИПА фондови во нашата држава и регионалниот пристап со креирање на заеднички проекти само ќе ја унапреди соработката и искористувањето на средствата од оваа ЕУ програма.

-Како дел од националната ИПА 2 програмата во Министерството беа спроведени голем број проекти од исклучителна важност со што видливо се подобрија човечките, техничките и инфраструктурните капацитети неопходни за ефикасно работење. Во рамките на ИПА 3 програмата (2021-2027) Министерството за внатрешни работи учествуваше во процесот за програмирање на националните ИПА програми 2021/2022 и 2023/2024. Што се однесува до регионалните проекти веќе учествуваме во реализација неколку регионални проекти како „Регионална поддршка на управувањето со сензитивна миграција во делот на Западен Балкан“, „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ и „Зајакнување на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје“, Зајакнување на заштитата на јавниот простор и критичната инфраструктура“,,,Партнерство против криминалот и тероризмот (CEPOL WV PaCT), образложи министерот Спасовски и потенцираше дека сите регионални иницитиви кои ќе овозможат побрза интеграција на регионот во ЕУ ќе учестуваме и како министерство и како држава.

Tags: ДамјановиќМВРСпасовски
Next Post

Измени на Законот за извршување: Крај за должничките ропства под извршителите и брзите кредити

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk