Три деца и едно машко лице загинаа во австралискиот град Бризбен, во автомобил, кој според првичните информации, намерно бил запален.
Децата, кои се помали од десет години, односно 6, 4 и 3, ги пронашле пожарникарите во запалениот автомобил, пренесе Би-би-си.
Во пожарот загина и маж, додека една жена со тешки изгореници превезена е во болница.
Итната помош му помогнала и на еден минувач кој се обидел да му пријде на запалениот автомобил и при тоа се изгорел по лицето.
Жителите од тој дел на градот велат дека ја виделе жената која била зафатена од огнот како излегува од автомобилот.
Како што пренесоа австралиските медиуми таа викала: „Ме полеа со бензин“.
Полицијата наведува дека е рано да се зборува за идентитетот на жената и за евентуално семејсно насилство.
Сепак, австралиските медиуми откриваат дека се работи за семејство спортисти. Имено, таткото Ројан Бакстер е поранешен рагби играч за Нов Зеланд Вориорс, а мајката Хана Бакстер освоила медал претставувајќи ги Квинсленд и Австралија на спортови на трамболина.
И двајцата се фитнес инструктури и имаат повеќе вежбалници каде се тренери на богаташи.
Неодамна се развеле.
Премиерот Скот Морисон рече дека сочувствува со семејствата и со заедницата по трагичниот настан.