ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

На еден од 10 факултети студентите со попреченост може да добијат литература во пристапен формат

July 20, 2023 13:35
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

На 55 проценти од факултетите нема студенти со попреченост или факултетите не водат статистика за бројот на студенти со попреченост. Ниту еден факултет не ги објавува своите соопштенија и документи на Брајова азбука, пристапен аудиоформат или стандардно писмо во зголемен формат. Голем дел од предавалните и библиотеките се со ограничена физичка пристапност, а дури на 55 отсто од факултетите нема лифт, иако факултетите се на повеќе катови, покажува Анализата за пристап до високо образование на лицата со попреченост.

Анализата ја изготви Кристијан Лазарев од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците” во соработка со Народниот правобранител и со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во рамки на проектот „Практикувај демократија” поддржан од Амбасадата на Велика Британија во Северна Македонија.

Клучните наоди од Анализата, која денеска беше презентирана, покажуваат дека само на 10 проценти од факултетите студентите со попреченост формално може да добијат литература во пристапен (аудио или дигитален) формат, а за 40 отсто од студентите со попреченост јавниот превоз е целосно непристапен.

Анализата ја утврдува физичката пристапност на државните факултети, достапната литература, асистивна технологија и друг вид поддршка за студентите со попреченост. Спроведена е преку прашалник пополнет од 40 факултети, теренски увид во физичката пристапност на 17 факултети на четири универзитетски кампуси, како и фокус групи и интервјуа.

Анализата препорачува дека пристапноста треба да биде критериум во набавките, реконструкцијата и стратешкото планирање на факултетите и студентските домови, да се обезбеди асистивна технологија и помагала и да се обезбеди стручна и научна литература во пристапни формати, како и пристапен транспорт за студентите со попреченост.

Меѓу другото, треба да се почне со водење дигитална евиденција за податоци за студентите со попреченост, за подобро планирање на нивните потреби и инклузивноста на факултетот. како и формално назначување надминистративни асистенти за поддршка на студентите со попреченост.

На презентацијата се обрати заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа која истакна дека анализата е прв чекор кон независност на лицата со попреченост и овозможување на нивното право на високо образование, а особено имајќи предвид дека се соочуваме со недостиг на податоци во оваа област и видливоста на студентите со попреченост.

-Според нашите информации, најголем број на млади со попреченост по завршување на средното образование не се одлучуваат да го продолжат образованието поради немање соодветен пристап. Бројот од 50-ина студенти во сите три циклуси на студии алармира за овој проблем. Како општество мора попосветено да работиме за овозможување живот и високо образование за лицата со попреченост, рече Бајрамовска-Мустафа.

Според пратеничката Жаклина Лазаревска од Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, членовите на групата се стремат кон целосно имплементирање на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

-Наша обврска е да обезбедиме лицата со попреченост да имаат и пристап до високото на образование без дискриминација и на еднаква основа со другите, без разлика на автономијата на универзитетите. Анализите од ваков вид треба да бидат презентирани и пред пратениците со задолжително присуство на претставниците на универзитетите, рече таа.

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Исмаил Камбери потенцираше дека секој човек има свои уникатни перспективи и потенцијали.

-Наша обврска е да овозможиме секој поединец да унапредува во општеството без дискриминација. Комисијата досега има утврдено дискриминација во 11 случаи од кои два се во областа на образованието. Свесност, пристапност и развивање политики за еднаквост се клучни за нашето општество. Политиките за обезбедување еднаквост и инклузивност во областите вработување, образование и социјална интеграција се клучни за користење на потенцијалот на лицата со попреченост во нашето општество во целина, рече Камбери.

Според директорката на ВФД во Северна Македонија, Дона Костуранова, за да имаме еднаквост на лицата со попреченост во општеството, еден од предусловите е еднаков пристап до образование, вклучувајќи го и високото образование.

-Во моментов, високото образование е недостапно за многу лица со попреченост, што ги ограничува и нивните можности за образовен и професионален развој и директно влијае на квалитетот на живот и можностите, додаде Костуранова.

Tags: литературапопреченостстудентифакултети
Next Post

Маричиќ: Нова европска финансиска поддршка за три проекти со вкупна инвестиција од 98.9 милиони евра

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk