ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОЈО-ГОК да испита која е улогата на Антонијо Милошоски во упадот во Собрание на 27 април!

На само два дена пред почеток на судскиот процес (21 февруари) за организаторите на настаните од Собранието од 27 април 2017 година, група граѓани побараа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во упадот во Собранието на 27 април.

February 19, 2020 11:59
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На само два дена пред почеток на судскиот процес (21 февруари)  за организаторите на настаните од Собранието од 27 април 2017 година, група граѓани побараа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во упадот во Собранието на 27 април.

Во барањето, граѓаните наведуваат дека сметаат оти сите виновни не се опфатени во судењето и дека треба да се земе предвид неодамнешната изјава на пратеникот Крсто Мукоски, кој од собраниската говорница во неделата рече дека токму пратеникот Антонијо Милошоски ја насочувал толпата низ Собранието.

„Не очекував дека со таков говор ќе почнете денеска, но овој е говор на еден криминалец кој знае дека еден ден ќе одговора. ВМРО-ДПМНЕ стана заложник на неколку криминалци како вас и партијата сте ја претвориле во Златна зора.  А што се однесува до 27 април, ќе ви кажам неколку збора, Крсто Мукоски за таа несвесна грешка што ја направи си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, кои што ги упатуваа горе луѓето да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок кој што во моментов е во бегство, не го барајте Љубе Арнаудов, качете се горе, целта е Заев. Жалам што такви како тебе не одговараат“, изјави Мукоски од собраниската говорница во неделата (17-ти февруари) .

Граѓаните бараат од Обвинителството да го повика на распит и Крсто Мускоски ( за кого е знае дека ја отвори собраниската врата) , за да каже каква улога имал Милошоски за време на „крвавиот четврток“.

„Имајќи ја во предвид изјавата дадена од страна на пратеникот Крсто Мускоски, кој јавно посочува дека сега пријавеното лице Антонијо Милошоски од Скопје, насобраната толпа од граѓани ја упатувал да изврши ликвидација на Зоран Заев, може да се заклучи дека Милошоски јасно посочувал кој треба да биде ликвидиран, односно која е целта за влегувањето во Собранието“, пишува во претставката до која дојде „А1он“.

Поднoсителите на претставката бараат од Русковска проширување на истрагата за упадот во Собранието, со цел да се казнат сите сторители на кривични дела, бидејќи во спротивно, како што наведуваат, неказнетите ќе добијат поголема сила и ќе се сериозна закана за функционирање на правната држава.

Со претставката адресирана до ОЈО-ГОК се кривичен прогон против Антонијо Милошоски и Никола Груевски за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Инаку, на 21 февруари, в петок,  на обвинителна клупа во судница треба да седнат поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Во истрагата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција беа опфатени и избеганиот експремиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни за македонските органи.

Минатата година беа донесени пресуди, меќу кои најмногу затворски казни.

Осудени беа: Митко Чавков  – 18 години, Мунир Пепиќ – 15 години, Јане Ченто – 15 години, Игор Југ – 12 години, Митко Пешов – 15 години, Душко Лазаров – 15 години, Горан Јошевски – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов – 10 години, Абдул Фета Алими – 7 години, Младен Додевски – 12 години, Горанчо Ангеловски – 12 години, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Никола Митревски-Кољо – 15 години, Александар Василевски-Нинџа – 8 години.

Обвинетиот Игор Дурловски беше ослободен од обвинението за тероризам, а трошоците за Дурловски паѓаат на товар на буџетот на Република Северна Македонија, и треба редовно да се јавува во суд.

И.Т. Зафировска

Next Post

Комората на сметководители бара пролонгирање на рокот за поднесок на годишната сметка и даночниот биланс

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk