ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Финансиската помош на Владата ги развива домашните компании, тие возвраќаат со нови работни места за нашите граѓани

July 25, 2023 11:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во рамки на посетите на компаниите од Скопскиот регион кои се наоѓаат во портфолиото на Законот за финансиска помош на инвестиции, ја посети „Бурдем Пластик”, семејна компанија формирана во 2002 година, која се занимава со производство на пластични производи за домаќинство.

Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека при обиколката на производствените погони на компанијата, виде интензивно инвестирање во осовременување и модернизирање на машинскиот парк.

„Се радувам кога гледам дека финансиската помош на Владата за оваа компанија допринесе за забогатување на производната линија со многу нови артикли и со најнови модели од пластичните производи. Преку договорот за финансиска поддршка за периодот 2018-2022 година, за мерките Поддршка за пораст на капитални инвестиции и за зголемување на конкурентност на пазарот, на „Бурдем Пластик” за инвестиција од над 15 милиони денари и беа исплатени над 2 милиони и 400 илјади денари финансиска помош, која компанијата ги искористи за набавка на нови машини и калапи”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека ова е и целта на Планот за економски раст поставен во 2017 година, да ги развива домашните компании, да ги прави конкурентни на домашниот и странските пазари, додека тие ќе возвратат со отворање на нови работни места за нашите граѓани.

„Само во Скопскиот Регион поддржани се 181 компании кои до денес имаат добиено околу 1 милијарда и 200 милиони денари финансиска помош за нивните инвестициски циклуси”, изјави Битиќи.

Сеад Сулејмани, менаџер на компанијата, во неговата изјава изрази задоволство од досегашната соработка со Владата која го препозна квалитетот на нивната компанија.

„Задоволни сме од досегашната соработка со Владата и ги цениме нивните напори за поддршка на семејните бизниси како нашиот, и ги охрабруваме да продолжат уште повеќе во оваа насока”, изјави Сулејмани.

Tags: ВладаФатмир БитиќиФинансиска помош
Next Post

Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, се очекуваат 77 милиони евра во буџет

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk