ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Свечена седница во Собранието по повод 60 години од Скопскиот земјотрес: Успеавме, затоа што бевме заедно

July 26, 2023 15:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска на свечена седница се одбележа шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

На седницата, на која присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, претставници од државниот врв, пратеници, претставници од „Црвениот крст“, верските заедници, дипломатскиот кор им оддадоа почит на семејствата кои ја преживеаа оваа трагедија и им се поклонија на жртвите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во своето поздравно обраќање пред присутните рече „Скопје ги спои околу една цел луѓето, институциите, меѓународните организации и воопшто човештвото.

„Земјотресот го стави Скопје на пиедесталот како град – симбол на солидарноста, епитет на кој што сите ние се сеќаваме со должна почит, затоа што во секој агол на овој убав град наидуваме на дело кое е потсетник на интернационалната солидарност и потсетник за сите нас за тоа колку сме слаби и немоќни кога сме сами. Потсетник за тоа колку значи подадена рака, понудена помош, топло засолнште и оброк во време кога си изгубил сѐ и си останал сосема сам со својот гол живот….Затоа е важно да се одбележи денов, за да не се заборави, за да биде водилка низ нашето созревање како држава, колку и да сме мали, и наше облагородување како човечки суштества. Солидарноста, соработката и сплотеноста околу крајната цел, придонесува во намалување на несреќите. Успеавме, затоа што бевме заедно! И, ќе продолжиме да бидеме и понатака градот на солидарноста, градот кој што никна од пепелта и стана споменик на хуманоста! Да не се повтори никогаш! За многу среќни моменти во нашето убаво Скопје!“, додаде Џафери.

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на свечената седница истакна дека „денес се сеќаваме на загинатите, сочувствуваме со нивните семејства кои сѐ уште ја чувствуваат болката, но исто така се сеќаваме и на храброста на сите оние кои од хаосот и руините на 26 јули, помогнаа да се роди едно ново Скопје“.

„Скопје се издигна врз темелите на урнатините и уништеното, се роди едно ново, модерно Скопје кое внесе нов, космополитски дух и енергија во која се сплотуваат старото и новото, современото и традиционалното. Таа моќ на трансформација, идеја за подобро утре, никогаш нема да престане да нѐ инспирира. Скопје стана симбол на светската солидарност, сплотеност и огромната пожртвуваност на сите оние кои помогнаа да се изгради градот кој доби нов архитектонски изглед“, нагласи Ковачевски.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека Скопје денес е познат како град на солидарноста, што не е фраза, туку е кодот на Скопје.

„Катастрофалниот скопски земјотрес кој е длабоко врежан во нашето минато, за нас е поука и порака да продолжиме сплотени да го чуваме и градиме нашето општество врз темелите на солидарноста, пожртвуваноста и заедништвото. Да градиме општество базирано на демократски вредности, на грижа за другиот, емпатија и хуманост, вредности кои ќе ги пренесеме и на генерациите кои следат. Заедништвото, почитта кон другите и поддавањето рака секаде и секому нека бидат наш мотив како на приватен, така и на работен план. Скопје е нашиот главен град. Да го негуваме и чуваме и да се грижиме за него и за нашата држава како што тоа го правеле и претците пред нас, а ќе продолжат генерациите по нас“, порача премиерот Ковачевски во своето обраќање на Свечената седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Tags: земјотресСобрание
Next Post

Пожар во месноста „Марково крушче“ на Водно

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk