ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во пресрет на Илинден, во Крушево првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“

July 28, 2023 08:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Во центарот на Крушево синоќа првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“. Пред бројните посетители и туристи крушевчани ги претставија своите традиционални вредности со крушевски специјалитети, музика, дружење, потсетувајќи на старите крушевски седенки во старата чаршија каде се постигнувале договори, се покажувало почит, се претставувале традицијата и културата.

Манифестацијата е во рамките на Крушево – град на културата.

-Сакајќи да ја зачуваме традицијата и да прикажеме како изгледале крушевските седенки и дружбата помеѓу старите крушевчани, како и да ја заживееме крушевската чаршија, на еден интересен начин дојдовме до идеја да организираме „Старата крушевска чаршија“. Со крушевски специјалитети, музика, ја правиме дружбата помеѓу крушевчани и туристите, рече Jасмина Димовска од локалната самоуправа на Крушево.

Манифестацијата е во организација на локалната самоуправа и на Здружението на крушевски жени и потсетува на живеењето во Илинденскиот период.

-Во рамките на Крушево – град на културата, во централното градско подрачје, каде е столбот на Републиката, со Здружението на жени од Крушево ја претставивме традиционалната крушевска соба. Изложивме автентична храна. Претставуваме како се живеело пред Илинденското востание, со пеење, дружење, соживот и сето она што го означува Крушево. Претставуваме како крушевчани живееле во тоа време, пред и за време на Илинденското востание, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Крушевчани, а и посетителите и гостите кои престојуваат за Илинден се одушевени од атмосферата, на потсетувањето на поранешните времиња.

-Ова е една од повеќето манифестации во Крушево за Илинден. Ова е своевиден етно саем, да се покаже како живееле старите крушевчани, како се дружеле, да се покаже крушевската култура. Убави се овие традиции. На седенките се договарале бизниси, па и свадби, рече крушевчанецот Јорго Јуца.

– Атмосферата е прекрасна. Пријатно сум изненадена. Дојдовме од Скопје да бидеме во Крушево за Илинден. Јас првпат доаѓам и одушевена сум, вели гостинка од Скопје.

За Илинденските празници сите капацитети во Крушево се полни со гости и туристи од земјава и странство.

Tags: Стара крушевска чаршија
Next Post

Двајца повредени откако „БМВ“ се преврте на покрив на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово

НАЈНОВО

Фотографија: Билјана Јордановска / Цивил Медиа

(ВИДЕО) Фики Гаспар за ЦИВИЛ Медиа: Децата не треба да се дел од кампањи, ниту од било каква политичка пропаганда

August 13, 2025

ПСЖ и Тотенхем вечерва ќе играат за трофејот во Суперкупот на УЕФА

August 13, 2025

„Независни за Карпош“ ќе настапат со самостојна граѓанска листа на локалните избори

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Табуа и тотеми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk