ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заклучоци од Бриндизи: Коридорот 8 влегува на брза патека за негова реализација

July 28, 2023 09:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и Албанија, Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка ја презентираа четиристраната иницијатива за заедничко поврзување и економски развој на регионите долж Коридорот 8. Оваа политичка платформа ќе придонесе за севкупната соработка и зајакнување на безбедноста на регионот, а особено ќе влијае на ЕУ перспективата за целиот регион на Западен Балкан.

Од состанокот, што вчера се одржа во Бриндизи, Италија, произлегоа шест заклучоци за насоката во која треба да се развива Иницијативата 8.

Според еден од заклучоците, Коридорот 8 има стратешка вредност и неговото завршување, и на железничката и на патната траса, значително ќе придонесе за економскиот раст на регионот и за побрзо вклучување на Западен Балкан на единствениот пазар на ЕУ.

Во таа насока, министерот Османи истакна: „Завршувањето на Коридорот 8 ќе биде многу важен аспект за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Оваа платформа за соработка помеѓу нашите земји треба исто така да се искористи за да се забрза нашиот процес и процесот на Албанија за пристапување во ЕУ. Покрај тоа, очекувам дека интеграцијата ќе даде опипливи резултати, пред сè во корист на граѓаните, пред полноправното членство “, рече Османи на заедничката прес-конференција.

Министрите се согласија дека покрај економскиот развој, членството во ЕУ претставува и катализатор за надминување на билатералните или регионалните прашања и поттикнувањето на помирувањето.

Во актуелниот геополитички контекст „ брзата имплементација на Коридорот 8 може да придонесе за стабилноста на регионот и да го ублажи малигното влијание од трети страни, хибридните закани, дезинформациите и неправилната миграција”, се наведува во еден од заклучоците.

Воедно, во заклучоците стои дека „министрите нема да штедат напори” за мобилизирање на дополнителна финансиска поддршка за Коридорот VIII и за промоција на инфраструктурните можности за приватниот сектор, граѓанското општество и локалната самоуправа.

Иницијативата што беше промовирана во Бриндизи ќе функционира во формат на политичка платформа за дијалог и соработка, а министрите се договорија да одржат втор министерски состанок во блиска иднина, како и бизнис форум со учество на компании од четирите држави.

За потсетување, министерот Османи ја претстави Иницијативата 8 уште на почетокот на 2021 година како идеја за нова мултидисциплинарна платформа помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија преку која би се интензивирала и продлабочила меѓусебната соработка, како стратешки интерес за државите што се дел од иницијативата.

Tags: БриндизиКоридор 8
Next Post

Египет најави планирани прекини на струја поради горештините

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk