ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Започнува распределба на средства на општините за подобрување на водната инфраструктура

July 28, 2023 14:21
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја од општините во земјава и општините во градот Скопје ќе добие по 200.000 евра подеднакво од заемот од Европската инвестициска банка за подобрување на водната инфраструктура, а од останата сума 16 милиони евра ќе бидат распределени согласно индексот за општински развој и процентот на распределба по планските региони според степенот за периодот од 2018 до 2023 година, додека од преостанатите 18 милиони евра 70 отсто ќе се распределуваат во зависност од бројот на население во општините, а 30 отсто од бројот на населените места.

Ова, како што рече министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова на денешната прес-конференција во Владата, е одлучено на последната владина седница. Вкупната вредност на заемот од ЕИБ за подобрување на водната инфраструктура на општините во нашата држава, додаде, изнесува 50 милиони евра и ќе се отплаќа од Буџетот, а крајни корисници на средствата од заемот се општините и општините во Градот Скопје.

-Mинистерството за животна средина и просторно плaнирање (МЖСПП) со секоја општина ќе склучува договор за донација, а средствата ќе се распределуваат по утврдена методологија за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни, канализациски системи, пречистителни станици и опрема. Сметам дека оваа распределба ќе обезбеди поттикнување на развојот и подобрување на социјално-економскиот параметар во сите општини, како и подобрување на животната средина и здравјето на населението, рече Шукова.

Според неа, распределбата е развојна, бидејќи 46 општини ќе добијат средства помеѓу половина и еден милион евра, на 28 општини ќе им се доделат средства под 500 илјади евра, додека шест општини ќе добијат повеќе од еден милион евра.

-МЖСПП во изминатиот период презема повеќе чекори за реализација на заемот. Формирана е проектна единица за имплементација во мај, објавени се два јавни повика за изразување интерес за експерти во единицата, формиран е проектен тим во МЖСПП за имплементација на проектот, доставени се барања до општините за листа со предлог проекти и документација и направена е првична анализа на листата на предлог проекти согласно утврдените критериуми, рече Шукова.

Општините, пак, додаде, до овој момент до МЖСПП доставија листа со вкупно 373 предлог-проекти, од кои Скопскиот регион има доставено 67 проекти, Вардарскиот 64, Источниот и Југозападниот по 50, Полошкиот 46, Југоисточниот 40, Пелагонискиот 36 и Североисточниот 20.

Министерката Шукова најави дека во следниот период се планира одржување на работилници со општините со цел објаснување на процесот и обука за пополнување на проектните прашалници. Исто така, Проектната единица за имплементација и консултантот ангажиран од банката ќе работат на подготовка на тендерската папки за секоја од општините.

Tags: водна инфраструктураШукова
Next Post

Маричиќ не очекува дополнителни компликации од Софија

Shortcut

Најново

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk