Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Светската асоцијација на новинарите во соработка со ЗНМ, СЕММ и ССНМ распишаа награда за сите кои со свои информации ќе помогнат да се открие чиј бот е ботот кој за себе тврди дека не е руски.
Наградата не е за фрлање: четврт бурек со сирење и ветување дека Советот за етика нема да го гони три години дури и ако пишува безобразни, антимакедонски, антисемитски, мизогини и неписмени статии како Тричковски.
Значи, чиј бот е ботот кој вели дека не е руски бот?
На чија плочка, што ја носи околу вратот за идентификација во случај да загине во борбите против уставните промени, пишува: Кикифрики!
Можеби ќе ни каже Орце?
А можеби знаат и Американците?
Кога Пригожин ќе тргне на шопинг во Варшава, тој би одел напред како фрлач на плунка. Кога полскиот војник ќе крене ракав да се избрише, вагнеријанецот зад Кикифрикита ќе го убие или ќе го остави без рака, што е уште полошо за одбраната на варшавските молови.
Или оној пицоусти дебил што има некаков портал и подкаст, некој, демек, курац за мочање врз разумноста?
Тоа ботче вели дека остануваат да се суредат уште Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Поштата и не знам кое уште дело „за да се избрише трагата на комунизмот“.
Тоа, што на сите и ден денеска не им е јасно, беше основната идеја на Скопје 2014, така што ова што малиот говњар го збори е на таа линија, само што тој не знае или не му кажале, не знам, дека студентскиот дом, поштата и неговата трета номинација, не се последните работи кои вмро сака да ги избрише како комунистички гравури во единствената национална историја на Македонија и на македонскиот народ. Последното дело е државата.
Да, да, драги мои…
И нацијата, се разбира.
Дебилите ќе ги остават да бидат сведоци на тоа каков велелепен подвиг направиле со елиминацијата на Македонија како национален, државен, историски и културен феномен.
Ќе добијат награда за заштита на животната средина.
Приказната со уставните промени е скеле за таа демонтажа.
Демек, ќе го тргаат брутализмот со кој Македонија стигна до Метрополитен музејот во Њујорк односно до светска афирмација, и ќе лепат стиропори за муволоување и архитектонска илустрација на тоа дека луѓето што живеат во долината на Вардар се идиоти.
Третиот бот вели: Европејците нека тераат по свое, ние ќе тераме по свое, ќе ги штитиме националните интереси и никогаш нема да гласаме за уставните промени под бугарски диктат.
Овој е супербот.
Мегабот.
Ботиште, по нашки.
Тоа што тој го зборува не е проблематично само како отворена антидржавност маскирана под плаштот на одбраната на националните интереси, апстракција со која човек може да го образложи и звукот што го испушта кога се обидува да се ослободи од бетонот на запекот, туку се наметнува и како предмет за пред некој лекарски конзилиум.
Јас имам основи да се сомневам дека човекот е луд, односно дека лудоста го квалификувала за лидерската позиција.
Во прилог на тоа оди фактот дека тој сепак има под контрола една џимџонска секта која на скалите на уставната блокада чека да се качи во опашката на Халеевата комета, значи, вкупно, 44 пратеници. Малку за да можат техничките потенцијали да ги капацитираат за колку-толку разумна блокада на вртењето на земјината топка под диктат на Големиот архитект.
Тие тоа го прават.
Во собраниската аритметика тие не се за фрлање, но не само тие, туку и целото собрание и владата и ману и знм и не знам уште кој не, односно сите институции и поединци, немаат право да го сопрат животот.
Вртењето на топката.
Таа секта веќе седма година ги исполнува сите услови да биде кривично гонета, сеедно чии ботови се или какви дроги користат за контрола на злобата и злото.
Ни со 144 пратеници никој нема право да убие цела нација и цело општество и да разгради цела држава со се нејзината историја.
Затоа што така сака или затоа што е луд или затоа што на син му се појавиле славните јунаци.
Така што ќе ја извлече од светот и ќе ја заринка на плажата како јато китови.
Европејците нека терале по свое тие ќе си терале по свое?!
Чекај малку, па како е ова можно?
Особено како е можно без жестока реакција на народот кој сакаат да го отрујат со карамелизираната крушка на националните интереси?
Тоа што и овој супербот и велеботите од ману го предлагаат е повлекување во пештерата.
Заштитени од смртоносните надворешни влијанија.
Редот е обратен од причинскиот ред: целта што треба да се постигне ги организира сите моменти кои и претходат; целта ги оправдува средствата, средствата не постојат сами за себе и надвор од целта.
Во оваа дефиниција на Сартр ни се открива значењето на сите глупости што ги правеше и произведуваше вмро, поточно нивната идејна логистика затоа што Мицко и екипата немаат капацитети за вакви филозофирања: сѐ е наназад организирано и подредено на целта: смрт на Македонија како национална и државна реализација на македонскиот народ.
И уште малку од преминот од феноменологија кон егзистенцијализам.
Македонија е севкупност.
Ниту едно прашање за Македонија не може да биде прашано, а оној што прашува -како таков- да не биде и самиот опфатен со прашањето.
Тоа сме ние кои прашуваме, тука и сега, за себе. Нашата човечка стварност, во нашата заедница на истражувачи, професори, студенти, политичари – е детерминирана со сознанијата.
Кои поголемиот дел од нас ги немаат или ги има како некаква досетка за расправа со противникот.
Тоа се овие од групата дафинисти, пицоусти, херфликусти и кикифристи. И сите други оболени од фронтална деменција или слични болести и пореметувања.
Нека да ги сведеме работите на нивото на егзистенцијата. Јас тврдам дека одбивањето на уставните промени ќе има неколку многу непосредни и животно важни последици. Да речеме, ќе паднат вредностите на становите што ги испокрадоа овие од сектата. И сите други, се разбира, но за нив е важно ова да се нагласи. Ќе им падне и вредноста на украдените пари, сеедно дали ги чуваат во банка или во јастук. Ќе девалвира и тоа многу ќе девалвира, денарот. Ќе биде полесно да стигнеш во Германија пешки одејќи по железничката линија Скопје-Минхен, отколку чекајќи виза пред германската амбасада. Нови странски инвестиции нема да има, а старите ќе се повлечат. На Аеродромот „Скопје“ две третини ќе бидат издвоени за одгледување на шери патлиџани, марули и шампињони. Крстови во водите нема да се фрлаат, затоа што нема да има штички да се направат толку свети крстови. Поповите ќе останат без материјали за свечените носии. Во Албанија ќе можат да влезат само Македонците кои знаат албански, а во Грција само оние кои ќе докажат дека не го знаат. Хахаха. Бугарија и овој пат ќе биде нашата омилена дестинација, како и во сите кризи. Тенкју, братја. Уставот ќе биде изложен во музејот на глупавите нации односно на нациите кои пропаднале од чиста глупост.
Мислам дека се наоѓа во Амстердам.
Ах, да, Американците ќе се повлечат од стратегиското партнерство така што секој ловец со добар поинтер ќе може да дојде да си убие некој Македонец за чорба или да го улови да има кого да ебе дома кога жена му е на службено патување.