Вистинските мотиви на опозицијата се исто така под знак прашалник бидејќи можеби нивната заедничка цел не е ЕУ, туку желбата да бидат во влада, па со тоа, не сум сигурна дали интересите што тие ги бранат се навистина најдобри интереси на народот или себе и нивната политичка моќ. Уставните измени никому нема да му одземат никакво право и мислам дека ова треба да го знае народот и како треба да зборуваме за ова.
Ова во разговор за „Локално“ го вели европратеничката Ирена Јовова.
Таа е децидна дека иако ова е тешка одлука, за Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ потребно е да се усвојат уставните измени.
Како што кажав, знам дека нема врска со правичност, но факт е дека сега не гледам алтернатива за нив. Се плашам дека ова ќе биде киднапирано од опозицијата за да го претстави како своја „успешна“ приказна да ги блокира уставните измени и да бара предвремени избори. Можеби грешам и може да има идеолошка поделеност во опозицијата, но тешко е да се предвидат овие работи, истакнува Јовева