За цветање на криминал зборува партијата која се жали дека е во минус 8 милиони евра. Колку пари сте потрошиле за да издржите 8 милиони евра минус? Партија со такво луксузно седиште зборува за цветање на криминал, изјави вечерва заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во емисијата Топ Тема на Телма, на обвинувањата дека сега во државата криминалот цветал.
Ова е влада која е со 2 и пол години мандат и влада која од првиот ден рекла нема да се претвори во тефтерџиската дружина на ВМРО ДПМНЕ, порача Шекеринска.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ е 8 милиони евра во минус, тогаш колку пари потрошиле во минатото??? Ако 8-те милиони евра се долг направен во изборни кампањи, тоа значи дека тие ги кршеле сите закони за изборите бидејќи трошењето во кампањите е строго регулирано“, рече Шекеринска на Топ тема.