ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ние Србите ги сакаме Македонците, ништо не бараме од нив и ништо не ни е потребно, вели Вучиќ

August 2, 2023 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по билатералната средба со својот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски во Прохор Пчински.

Пендаровски, кој по повод државниот празник Илинден положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“, беше пречекан од својот српски колега Вучиќ.

-Северна Македонија и Србија имаат одлична соработка, негуваат исклучително добри пријателски односи и меѓу нив не постојат отворени прашања. Нашата трговска размена е 1,5 милијари евра годишно, а верувам дека и натаму ќе расте. Заеднички работиме на олеснување на животот и на подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји. Сега разговараме за спојување преку нашите железници со што ќе бидеме уште поблиску едни до други и уште подобро поврзани, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател упати благодарност до владиката Пахомије за гостопримството, но, како што истакна, и до патријархот Порфирије „за историските одлуки што ги донесе СПЦ на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.

-Веќе немаме никакви отворени прашања. Ние Србите ги сакаме Македонците, ја сакаме Северна Македонија. Ништо не бараме и ништо не ни е потребно, освен уште повеќе и подобро да соработуваме. Ги немаме ние тие ситни пречки „кој што кому пред или внатре му кажал, му покажал или не“, рече Вучиќ, упатувајќи честитки по повод Илинден на македонски јазик.

Претседателот Пендаровски му заблагодари на Вучиќ што Србија од минатата година овозможи повторно чествување на Илинден во Прохор Пчински.

-Вучиќ од лани овозможи земјава повторно да го слави државниот празник каде што е формирана. Се надевам дека и натаму ќе се гледаме на ова место и ќе им оддаваме почит на нашите најголеми национални великани, истакна Пендаровски.

Тој и Вучиќ, како што најави српскиот претседател, по  Прохор Пчински ќе продолжат во Врање, каде на работен ручек ќе разговараат за „натамошните чекори“.

Во состав на државно-црковната делегација што ја предводеше претседателот Пендаровски на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Викарен Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

Tags: ВучиќМакедонијаПендаровскиСрбија
Next Post
Фотографија од супермаркет во Британија по Бреегзит лажно употребена како доказ дека во Западна Европа има недостиг од храна

До АХВ поднесени 12 претставки за сомнеж за труење со храна

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk