Во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје од 5-ти до 9-ти септември ќе се одржи меѓународен натпревар во пинг понг на кој веќе се пријавени играчи кои котираат меѓу најдобрите 10 во светски рами.
Во машка конкуренција на еден месец до одржувањето на натпреварот пријавени се Французинот Хуго Дешамп и Чанкг Ју Ан од Тајпеј како 6-ти и 8-мо рангирани, соодветно, додека во женска конкуренција Ли Даун од Јужна Кореја како 5-то рангирана
Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира Пинг понгарската федерација на Северна Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември исто така во Скопје, а официјалниот постер за турнирот е составен од минатогодишните најинтересни моменти дел од турнирот.
Ги покануваме сите љубители на пинг понгот, но и сите оние кои досега не се “сретнале” со овој спорт да присуствуваат на натпреварите. Ветуваме возбудливи удари, поени, сетови и мечеви