ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За реформа на основното образование во Финска во 2027. ќе бидат издвоени 200 милиони евра

August 10, 2023 14:06
in ДЕНЕС, СВЕТ

Финската влада претстави план за реформа на образовниот систем во основните училишта, кој треба да се спроведе во следните четири години.

Во владината програма стои дека секој млад човек кој ќе заврши основно образование мора да има доволно основни знаења и вештини за средно образование, но наставниците се жалат дека немаат доволно време да ги предаваат на учениците овие основи. Затоа ќе се вложат повеќе пари во основното образование, пишува весникот „Хелсингин саномат“.

Финската влада во 2024 година ќе одвои 50 милиони евра за основно образование, а тој буџет до 2027 година треба да се зголеми на 200 милиони евра.

Истовремено, минималниот број на часови ќе се зголемува за два до три часа на неделно ниво, но без проширување на наставната програма. Целта е да се зголеми бројот на часови за учење читање, пишување и аритметика. Дополнително, ќе се дефинира минималното ниво на знаење кое е потребно за преминување од еден во друг клас.

Финската влада сака да воспостави и единствен модел за спречување на насилството во училиштата.

Според новиот модел, се предвидува поднесување кривична пријава доколку дете помладо од 15 години стори незаконско дело на училиште. Потоа ќе се организира дискусија во која ќе учествуваат сторителот и жртвата, како и нивните старатели, полицијата и правните застапници. Се наведува и дека ќе се зајакне правната заштита на ученикот кој бил жртва на насилство.

Во финските училишта, моментално е можно да се ограничи употребата на телефони доколку уредот се смета за „нарушувачки“ фактор. Сепак, владата сака на наставниците да им се дадат повеќе овластувања кога станува збор за забрана за користење телефони за време на часовите.

Образовниот систем на Финска се смета за еден од најдобрите во светот, а студентите во земјата често се рангирани на прво место во образовната студија ПИСА.

Tags: образованиереформиФинска
Next Post

Таравари: АА уште денеска ќе излезе од Влада, ако ВМРО-ДПМНЕ гласаат за уставните измени

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk