ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска ги прими пензионерите: Министерството за труд и социјална политика е отворено за сите пензионери

August 14, 2023 15:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија, кои денеска излегоа на протест со неколку барања, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопштуваат, на средбата претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери ги изнесоа своите барања меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија воспоставена минатата година, одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата, зголемување на надоместокот за мобилност и туѓа нега и Гарантирана минимална помош.

Министерката истакна дека пензионерите и унапредувањето на квалитетот на живот на нашата највозрасна категорија на граѓани, е приоритет на оваа Влада. За тоа потврдуваат фактите дека од доаѓањето на оваа Влада прво што беше отворено е прашањето за порастот на пензиите и обезбедувањето на достоен живот за сите.

„Минатата година низ транспарентен процес заедно со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери ја донесовме новата методологија која обезбедува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Тоа е најреалниот пораст на пензиите. Тоа е системско решение кое овозможува постојан раст на пензиите,“ рече Тренчевска.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто  пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Првото усогласување  во Септември 2022 година беше 6.8 отсто, второто во Март 2023година  – 8.4 отсто и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто. Заедно со усогласувањето во јануари 2022 година тоа е раст за околу 24 отсто од доаѓањето на овој владин состав.

Министерката истакна дека иницијативата за унапредувањето на квалитетот на живот на пензионерите потекнува токму од Министерството за труд и социјална политика и таа како министерка. Иницијатива која беше поддржана од Владата.

Во 2022 година, месеците март, април и мај, сите 330.000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, а пензионерите со ниски пензии беа дел и од пакетот финансиска помош за ранливи категории на граѓани односно добија помош од  3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата.

Владата продолжува и со субвенционирање на електричната енергија за сите граѓани, вклучително и пензионерите. Пензионерите со ниски пензии преку Министерството за економија, можат да добијат субвенции за електрична енергија до 1000 денари.

Министерката потенцираше дека со добри политики и домаќинско работење се обезбедува стабилност на пензискиот фонд и пензионерите ги добиваат пензиите редовно и предвреме.

Сите барања кои беа доставени до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии а во насока на обезбедување на достоен живот за сите граѓани, наведуваат од Министерството за труд и социјална политика.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јована ТренчевскаПензијапротест на пензионери

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk