ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска на Сител: Наместо популистички мерки треба да се размислува на системски решенија на долг рок

August 14, 2023 21:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител Телевизија зборуваше за усогласувањето на пензиите и нивниот раст, состојбата на пензискиот систем, прашањето за минималната пензија и други актуелни прашања во врска со пензиите.

Министерката во врска со денешниот протест на пензионерите истакна дека министерството е отворено е дека секој граѓанин може да се обрати и достави барања до него, како што беше и средбата денеска со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија во просториите на министерството.

Во врска со линеарното зголемување од 3500 денари на сите пензионери што претставува 220 милиони евра годишно, министерката посочи дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање  стабилноста на фондот.

„Не е праведно некој кој работел 30- 40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години,“рече Тренчевска.

Таа се осврна на новата методологија која во 2022 година беше усвоена и претставува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Воедно истакна дека методологијата е најреалниот показател за пораст на пензиите. Системско решение со кое пензиите растат на долг рок.

Министерката посочи дека во 2022 година за месеците март, април и мај сите 330.000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, исто така пензионерите со ниски пензии беа дел од пакетот финансиска поддршка за ранливи категории и им беа исплатени 3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата.

„За само една година и 8 месеци од овој владин состав пензиите пораснаа за 24 отсто. Минималната пензија беше 9000 денари денес е 12.500 денари, тоа е зголемување за 3500 денари. Воспоставивме систем, и кога ја донесовме новата методологија сите беа задоволни. Јасно е кој стои зад организацијата,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека се прават напори да се внесат што повеќе лекарства на позитивната листа , а со тоа и се намали издатокот за лекови на пензионерите.

Тренчевска се осврна и на пензискиот систем и дефицитот кој претходно беше направен.

„Со добри политики се намалува овој дефицит. Секое едно нереално покачување на пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем. Мора да се води сметка секој пензионер секој месец да добива пензија. И да нема инфлација, ќе има пораст на пензиите согласно порастот на просечната плата,“ истакна Тренчевска.

Министерката порача дека барањата ќе бидат разгледани и дека заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени  прашања. Бидејќи не се работи за популизам , туку треба да се размислува на системски решенија на долг рок.

 

Tags: Јована Тренчевскапензии
Next Post

Зошто Билал Касами ја косовизира Македонија?

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk