Министерот за животна средина и просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, денеска, на барање на премиерот Албин Курти, оствари средба со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) – Али Ахмети.
Тој на заедничката конференција со Али Ахмет од седиштетот на ДУИ во мала Речица рече дека на средбата се разговарало за патот Тетово-Призрен, а нагласил дека надлежните се во фаза на постигнување на финансиски договор за тунелот што ќе треба да се изгради.
– Овој пат веќе има физибилити студија која ја изработи Северна Македонија. Во фаза сме на финансиски договор за да го реализираме проектот, проектирањето за заедничкиот тунел и потоа да преминеме во фаза на целосна реализација на овој проект“, рече косовскиот министер Алиу.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека меѓувладините тимови сериозно се занимаваат со ова прашање, за што побрзо да се затвори проектирањето и да почне реализацијата.
– Патиштата ја олеснуваат движењето, движењето овозможува поразвиена, понапредна економија. Меѓувладините тимови сериозно и активно се занимаваат со ова прашање, за што побрзо да се заврши проектирањето, рече Ахмети.
Дестан Јонузи