ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи со писмо до пратениците: Од вашата одлука зависи дали ќе ги продолжиме преговорите со ЕУ или ќе запрат на подолг рок

August 17, 2023 11:17
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресрет на собраниската седница за уставните измени упати отворено писмо до пратениците во Парламентот во кое порачува дека од нивната одлука ќе зависи дали земјата ќе ги продолжи преговорите или ќе ги запре на подолг рок без гаранција за успех.

-Во петок започнува дискусија по која ќе следи гласање за второто најважно прашање кое било кој парламентарен состав требал да ги донесе во историјата на земјата по независноста – по зачленувањето во НАТО, остварување на втората стратегиска цел на државата за приклучување кон напредното Европско семејство на држави. Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе, вели министерот Османи.

Верувам и знам, додава Османи, дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет.

-Во процесот на преговорите имавме за цел да го зачуваме и зајакнеме македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет. Одговорно тврдам дека во тоа успеавме. Македонскиот јазик за прв пат беше прифатен и гласан во Советот на ЕУ помеѓу земјите членки и е недвосмислено дел од европските јазици. Овој факт не може никој да го побие, вели понатаму Османи.

Тој псоочува дека ги разбира сите оние што стравуваат од можностите за натамошни обиди за негирање и наметнување нови билатерални услови и при тоа уверува дека идентитетските и историските прашања не се дел од преговорите.

-Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Со оваа промена на Уставот, ние само ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка за нашите цели. Низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура ќе бидат значително подобри и зајакнати, наведува шефот на дипломатијата, нагласува Османи.

Секој човек и политичар, потенцира Османи, би бил среќен да биде запаметен од историјата дека постапил правилно кога било најважно. Да остане запаметен дека бил на вистинската страна, дека не се колебал во одлуката со која помогнал земјата да оди напред, а луѓето во неа да живеат подобро. -Јас лично не се сомневам дека со оваа промена на Уставот ќе направиме било каква грешка, напротив ќе отвориме ново поглавје на развој и стабилност за нашите граѓани, наведува министерот за надворешни работи.

Тој уште еднаш како многупати во неговите јавни настапи, уверува дека оваа промена не менува ништо во положбата на Бугарите во земјава и во однос на правата што до сега ги имаа и им ги гарантираше Уставот. Оваа промена, додава тој, ни дава можност на Република Бугарија и на светот да им докажеме дека тие не се дискриминирани, бидејќи реално тоа е така.

-Ова е можност да ги одземеме сите аргументи, а потоа да се втурнеме брзо кон реформските процеси кои се најважни за нашите граѓани и во наш најдобар интерес. Со промената на Уставот, ќе стане јасно дека покрај македонскиот народ во земјава живее и дел од бугарскиот народ, кој е различен. И конечно, одговорно кажувам дека ова не го правиме под диктат на Бугарија, ниту заради уцена од нејзина страна. Ова е компромис во преговорите откако нивниот меморандум до ЕУ за непризнавање на македонскиот јазик и нација не доби поддршка од земјите членки. Компромис со кој го заштитивме македонскиот јазик и идентитет, стои во писмото на Османи до пратениците.

Tags: Одсманипратенициуставни измени
Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Мицкоски вознемирен: Што сте свиснале, се премислуваме ли?

НАЈНОВО

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk