Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во обраќање пред новинарите повторно се осврна на Северна Македонија и побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други.
-Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти…., рече Вучиќ за РТС.
Тој посочи дека синоќа долго разговарал со Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Северна Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“.
Поврзано:
Османи по изјавата на Вучевиќ: Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија