Кантавторот Тото Кутуњо, најпознат по неговиот светски хит L’Italiano од 1983 година, почина денеска на 80-годишна возраст, изјави неговиот менаџер Данило Манкузо за италијанските медиуми.
Со обработката на неговиот хит „Insieme“, тимот на Цивил започна иницијатива за промоција на европските вредности и интеграцијата на нашата земја во ЕУ.
Кутуњо, чие вистинско име беше Салваторе, почина во миланската болница „Сан Рафаеле“ по долго боледување, кое стана посериозно во последните месеци, рече Манкузо.
Во текот на својата богата кариера Кутуњо оствари бројни хитови, а во 1990 година победи на Песна на Евровизија во Загреб.
Кутуњо беше еден од најуспешните италијански текстописци на сите времиња, пишувајќи за уметници како што се Далида, Адријано Челентано и Доменико Модуњо. Кутуњо важеше за вистински амбасадор на италијанската музика во светот, особено во Романија, Шпанија, Турција, Германија и Русија
Неговата песна L’Italiano, објавена во 1983 година, е преведена на многу јазици и се смета за симбол на италијанската култура и идентитет.
Тото Кутуњо учествувал 15 пати на музичкиот фестивал во Сан Ремо, но победил само еднаш, во 1980 година, со песната „Solo noi“. Тој беше многу популарен меѓу Италијанците во различни земји низ светот, особено меѓу Италијанците кои ги ценеа неговите песни [to ги слават нивните корени и наследство.
За потсетување, повеќе од петнаесет познати македонски ѕвезди на музичката и актерската сцена учествуваа во иницијативата на Цивил која носи наслов „Insieme/Заедно“, песната на италијанскиот поп пејач Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година. Кристина Арнаудова, Адријан Азири, Тијана Тодевска, Ана Стојановска, Мики Јовановски Џафер, Елена Петреска, Лидија Кочовска, Јована Спасиќ се само дел од македонските ѕвезди кои се одзваа на поканата на Цивил и во рекордно време го преработија овој евергрин на македонски јазик. Аранжманот на македонската верзија е на Владимир Дојчиновски-Дојчин и Давор Јордановски, додека македонскиот дел од текстот е на текстописецот Борче Нецовски. Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек.
Во знак на сеќавање на овој извонреден италијански пејач, тимот на Цивил ја реобјавува македонската обработка на „Insieme“:
Г. Т.