Професорот Оливер Андонов кој се смета за фракција во ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ЦИВИЛ Медиа говори за предизвиците со кои ќе се соочи Македонија доколку не ги продолжи интегративните процеси. Тој смета дека недонесувањето на уставните измени се клучниот фактор Македонија да остане надвор од процесите за интеграција во ЕУ. Според Андонов, членството во ЕУ не е стратешка цел исклучиво на Македонија, тоа е интерес и на самата Унија, но и на НАТО.
Оттаму вели тој во интервјуто, доколку Македонија не ги поддржи Уставните промени и не ги откочи пристапните процеси, ќе навлеземе во целосна политичка и економска изолација. Во таква ситуација, без европските пазари и европската финансиска помош, Македонија ќе банкротира за три месеци. Но најважно од се ќе се изгуби македонскиот идентитет!?
„Во моментов, поради политиките на Мицкоски, неколку пати е зголемен бројот на подносители за бугарско државјанство. Во услови на политичка и економска изолација на Македонија, барањата на наши граѓани за бугарски, грчки, набргу и албански пасоши рапидно ќе се зголеми. На овој начин и ќе се реализира основната поента на „агентите од влијание“ Апасиев и Мицкоски, како да се уништи македонскиот идентитет“, вели професор Оливер Андонов.
Целото интервју на Андонов за Цивил Медиа, тука.