На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 292 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за користење на мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење на сигурносен појас….
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.