ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во име на религијата, во „лов“ по гласови

August 24, 2023 12:27
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во Северна Македонија од осамостојувањето до денес – во сите влади, но и во сите изборни циклуси, феноменот и елементот на злоупотреба на религијата за политичка и изборна пропаганда не е исклучителен.

Оваа појава беше најизразена за време на 15-годишната влада на Никола Груевски, кој бескрупулозно користеше верски елементи за политичка пропаганда. Истиот елемент на злоупотреба на религијата ни беше претставен и за време на светската криза со пандемијата Ковид-19, кога одредени свештени лица се молеа за политичкото „здравје“ на ВМРО-ДПМНЕ.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2023/08/273779657_139789635175045_1823493628603187325_n.mp4

– Длабоко во срцето и душата верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсветлата партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски, дека се она што го дадавме верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него а потоа и со божја помош, изјави меѓу другото пред верниците минатата година за време на перазникот Св. Трифун, владиката Aгатангел.

Ислам Аслани, свештеник на Исламската верска заедница во една од џамиите во Тетово, вели дека зависи кој и како ја гледа и користи религијата.

– По злоупотребата на религијата, може да има одредени намери со цел преку политика да се стигне таму каде што некој сака да стигне. Нормално е дека ова е кршење на правилата и прописите на Бог и Куранот, но додека сме во секуларна држава, овие политички интереси се случуваат. Тоа се случува и во арапскиот свет, изјави Аслани за „Фронтлајн“.

Петар Арсовски

Политичкиот аналитичар и публицист Петар Арсовски смета дека верските лидери и политичкиот амбиент секогаш биле на границата на пристојноста, особено во држави кои се уставно секуларни.

– Од една страна, номинално верата и политиката треба да бидат раздвоени, но борбата за влијание прави двете елити да бидат природно упатени едни на други за некои посериозни проекти или јавни ставови. Тука настапува можноста за неприродно влијание, каде верските ставови (како против абортус, против правата на ЛГБТИ заедницата и слично), се мешаат во секуларниот карактер на државата. Дополнително, верските лидери понекогаш ја користат својата позиција и за посериозно геополитичко влијанние, вели Арсовски за „Фронтлајн“.

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Северна Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.

Од друга страна, неколкуте истражувања што се спроведени во државата за „Злоупотреба на верата за политички цели“ велат дека политичките партии ја користат религијата за политички цели особено во предизборната, но ефектот за прибирање политички поени на тој начин е многу мал.

Дестан Јонузи

Tags: Ислам АсланиПетар Арсовскиполитикарелигија
Next Post

Истрага против 13 лица за напад врз службено лице во Струмица

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk