Русија го испорача најновиот систем за противвоздушна одбрана „Панцир С1“ на Србија, преку бугарскиот воздушен систем. Испораката беше одложувана со месеци, поради бугарското одбивање за прелет на рускиот воздушен транспорт на воената пратка за српската армија. Тоа, како што некои македонски медиуми го формулираа „конечно“ се случи. НАТО очекува одговор од бугарската влада како дошло до ова „пропуштање“. И јавноста е во очекување на реакција од САД кои минатата година се заканија дека воведат санкции против Србија доколку продолжи да се вооружува без мерка. Рускиот „Панцир С1“ е испорачан. Останува отворено прашањето колку овој противвоздушен систем е навистина толку ефикасен како што се фали рускиот диктатор Путин во последните две години.
Дури и некои руски експертски и воени кругови не го кријат незадоволството од толку фалената воена играчка на Путин. Така, рускиот воен експерт Виктор Мираковски, автор за руската публикација „Арсеналот на Татковината“ напиша коментар за перформансите на рускиот „Панцир С1“ што го купи Србија. Според Мираковски, искуството покажува дека се работи за неефикасно оружје. На боиштата во Сирија, „Панцир С1“ беше практично неспособен да ги детектира целите што летаат со ниска брзина и на мала височина, вклучувајќи ги и воените беспилотни летала (UAV – Unmanned Arial Vehicles), кои се далеку поевтино оружје отколку скапиот „Панцир С1“. Честопати, рускиот „панцир“ бележи погрешни цели и се активира и кога некоја поголема птица се приближува во просторот што е во домет на рускиот систем. Така, наместо вистински воени цели во воздухот, руските ракети често гаѓаа птици. За тоа е доволна ловџиска пушка, не се потребни скапи ракетни системи.
Се разбира, ваквите критики во рускиот медиумски простор исчезнуваат брзо по објавата. Руските експерти кои го критикуваат „Панцир“ системот се замолчуваат, особено затоа што Путин успеа да ги убеди, освен Србија и Сирија, и Алжир, Ирак, Оман и Обединетите Арапски Емирати, да го купат овој преценет, а неефикасен систем за воздушна одбрана. Рускиот панцир, очигледно, има многу дупки…
Иако битката да се замолчат, сепак, руски воени извори неофицијално брифираат дека ефикасноста на „панцирот“ е само 19 проценти, што е незадоволително дури и за најголемите оптимисти и љубители на руското оружје. Тоа го прави ова руско оружје ефикасно колку и стара ловџиска пушка. Можеби помалку.
Џабир Дерала