Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ после средбата со Помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, во американската амбасада, избегал да даде изјава за медиумите.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го потврдил ставот во врска со уставните измени и дека предвремени изборти се решение, и истакнал дека „власта во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД“.
Ескобар претходно на заедничка прес-конференција со премиерот Ковачевски, нагласи дека САД не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања.
„САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече Ескобар.