На место викано „Света Мина“ во Куманово вчера во 17:50 часот од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од село Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Како што информира МВР, тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода.
-Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија, соопштија од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.