ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Во историјата на државата претседател на бил избран без поддршка од големите два блока

Одговарајќи на прашањето дали чувствува некаков долг кон СДСМ и ДУИ, Пендаровски дециден дека нема никакви долгови за враќање. -Во политичка смисла ако не работат за доброто на граѓаните, јас не сум со нив и тоа во неколку наврати го покажав, рече меѓу другото Пендаровски.

February 21, 2020 19:51
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во историјата на државата претседател не бил избран без поддршка на кој било од големите два блока, рече претседателот Стево Пендаровски, во интервју во телевизијата Канал 5. Потенцира дека ќе се држи до Уставот и до законите и нема намера да прави компромис со тоа што се нарекува правна држава и владеење на правото.

Одговарајќи на прашањето дали чувствува некаков долг кон СДСМ и ДУИ, Пендаровски дециден дека нема никакви долгови за враќање.

-Во политичка смисла ако не работат за доброто на граѓаните, јас не сум со нив и тоа во неколку наврати го покажав, рече меѓу другото Пендаровски.

Во однос на претстојните предвремени парламентарни избори Пендаровски посочи дека ќе му го даде мандатот на оној што ќе го увери или ќе му даде гаранција во облик на потписи дека има 61 пратеник.

Пендаровски тврди дека на лидерската средба кај него, бил договорен само 12-ти април за изборите, но не и одложувањето на распуштањето на Собранието. Сепак, како што рече, и со распуштањето на Собранието на 16. февруари, ДИК има доволно време да ги организира изборите.

Ставот на шефот на државата бил дека не би било добро 12. април да се одложува како датум на избори.

Пендаровски вели дека не би сакал да имаме ваков предизборен модел на техничка Влада, но, истакна ова е најдобар модел поволен за нас.

На прашањето како ја оценува функционалноста на техничката Влада, Пендаровски подвлече дека недовребата меѓу двата политички блока е толку голема што мислам, рече, дека ова е најдобриот од инаку лошите модели на кохабитација меѓу политичките субјекти пред избори.

– Нивото на недоверба помеѓу политичките субјекти е поголемо, веројатно и на ниво на лидерствата, многу поголемо од просечното ниво на недоверба меѓу граѓаните кои се веќе партиски и политички определени, рече шефот на државата Пендаровски.

За Законот за ЈО и начинот на кој беше донесен во Собранието, Пендаровски укажа дека може да ги потпише законите откако се изгласани и кога Собранието е распуштено.

Пендаровски истакна дека според неговите информации јадрото од 80 отсто на Законот за ЈО било направено од страна на странски експерти.

– Тврдам дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и без да го донесевме Законот за ЈО, но добро е што го имаме, рече меѓу другото Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5.

Next Post

Шпанскиот конгрес на 27 февруари ќе гласа за членство на Северна Македонија во НАТО

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk