ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – Жоли: Покажавме заедништво во зацврстувањето на безбедноста на источното крило на НАТО

August 30, 2023 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Канада покажаа заедништво во зацврстувањето на безбедноста на источното крило на НАТО. Канада иако не е членка на ЕУ, цврсто е уверена дека  местото на Северна Македонија е во Европската Унија, како единствен начин за зацврстување на стабилноста, напредокот  и за понатамошен развој на трансатлантската соработка, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, која е во посета на нашата држава.

На средбата Петровска и Жоли разговарале за македонско-канадската одбранбена соработка, како и посветеноста на двете земји во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учество во мултинационалните сили на Алијансата на источното крило.

-Руската агресија врз Украина и целосното непочитување на воспоставениот меѓународен правен поредок ни покажа дека мораме постојано да бидеме будни и посветени на одбраната на нашите вредности – нашата демократија, слобода и сувереност. Благодарност до нашите канадски сојузници под чие водство припадниците на македонската Армија и останатите сојузници во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Латвија, ја зацврстуваат безбедноста на сите членки на НАТО, рече Петровска.

Министерката Жоли истакна дека Канада високо го цени учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Латвија и порача дека тие се значаен дел од колективната безбедност на Алијансата и сигурноста на сите земји-членки.

Жоли потенцираше дека Канада иако не е членка на ЕУ, цврсто е уверена дека  местото на Северна Македонија е во Европската Унија, како единствен начин за зацврстување на стабилноста, напредокот  и за понатамошен развој на трансатлантската соработка.

Жоли го поздрави ставот на министерката дека уставните измени неодложно треба да се донесат бидејќи претставуваат потврда на мултикултурализмот во земјата, а Канада како мултикултурна држава тоа го разбира и поддржува. Поддршката за уставните измени не значи гласање за или против Владата, туку значи поддршка за Македонија, рече Петровска.

Tags: ЕУЖолиКанадаПетровска
Next Post

ДИЖС: Планирани 907, а реализирани 1.072 инспекциски надзори

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025
МИА

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk