ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУП: Потребно е да се реформира алатката „Балансер” 

August 31, 2023 09:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Мерките за обезбедување соодветна и правична застапеност во јавниот сектор веќе се контрапродуктивни, така што дејствуваат спротивно на принципот на заслуги – се вели во четвртиот детален извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во институциите од јавниот сектор, спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП). 

Наодите и заклучоците од извештајот се во линија на мислењето на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, во кое се вели дека во државата се влошила примената на принципот на заслуги. Дополнително, Комитетот тврди дека процесот е уште по проблематичен бидејќи повисоките позиции се поврзани со висок степен на партизација, што, пак, според нивните извори, е поврзано со тезата дека за вработување во администрацијата апликантите треба да имаат „вистинска” етничка и политичка припадност.

Оттаму препорака на Комитетот е да се избегнуваат мерките што имаат за цел да постигнат ригидна, математичка еднаквост во застапеноста на различни групи, што често подразбира непотребно зголемување на работните места, бидејќи тие ризикуваат да го поткопаат ефективното функционирање на институциите и да доведат до создавање посебни општествени блокови, пишува во извештајот.

– Потребна е критичка евалуација на состојбите со цел постигнување на системски решенија кои на долг рок ќе даваат позитивни ефекти. Во момент кога прашањето за „балансерот” повторно се актуелизира, овој извештај дава концизни препораки, увид во состојбите и рамка со решенија базирани на докази. Соодветната и правичната застапеност е поширока концепција и не се базира единствено на бројки, а секако има импликации врз доброто управување како од аспект на управувачките и раководни структури, така од аспект на перформансот на административните службеници.- истакна Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени. 

Извештајот претставува системска анализа на начелото на соодветна и правична застапеност преку анализа на алатките што обезбедуваат правична застапеност на не мнозинските заедници, односно примената на инструментот – балансер кој се користи за вработување во јавната администрација. Извештајот ги анализира практиките за вработување во институциите со примена на алатката балансер и дава насоки за негово подобрување. ЦУП смета дека институциите треба овој извештај да го користат како основа за тековните и идните мерки кои ќе се преземат за воспоставување на соодветната и правична застапеност во согласност со стандардите за добро управување во јавниот сектор. 

Извештајот е изработен во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација”, спроведен од ЦУП а поддржан од National Endowment for Democracy (NED). Целиот извештај во прилог: https://cup.org.mk/publication/report-from-the-monitoring-of-equitable-and-fair-representation-in-the-public-sector?fbclid=IwAR2GXB6eQkuC4nXu2Ckq4HiiaJZhrpccBV7Hl1vTdOGLAZQXVqZaX38x9r0

Tags: балансерНеда Малеска-СачмароскаЦУП
Next Post

Стотици илјади Американци без струја поради ураганот Идалија

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk