Со жрепка попладнево во Монте Карло е одреден составот на групите во второто по ранг европско клупско натпреварување во организација на УЕФА, Лига Европа.
Англиски Вест Хем се најде во групата А заедно со грчки Олимпијакос, германски Фрајбург и српскиот претставник ТСЦ, а силни противници се најдоа и во групата Б во која ќе играат Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон и АЕК.
Натпреварите од првото коло ќе се играат на 21 септември, а финалето на е 22 мај во Даблин.
Лига Европа, групи:
Група А – Вест Хем, Олимпијакос, Фрајбург, ТСЦ Бачка Топола
Група Б – Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон, АЕК
Група Ц – Глазгов Ренџерс, Бетис, Спарта Прага, Арис Лимасол
Група Д – Аталанта, Спортинг, Штурм, Раков
Група Е – Ливерпул, Ласк, Унион Сент Жил. Тулуз
Група Ф – Виљареал, Рен, Макаби, Панатинаикос
Група Г – Рома, Славија Прага, Шериф, Сервет
Група Х – Баер Леверкузен, Карабах, Хакен, Молде.