Македонската репрезентација во одбојка вечерва со победата против Црна Гора обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство, што е огромен успех за нашите момчиња.
Со резултат 3:0 во сетови (25:22; 25:18 и 25:20) македонските одбојкари го одиграа клучниот натпревар за пласман во втората фаза на Евроволеј 2023.
Полната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и поддршката од навивачите беа дополнителен поттик за нашите одбојкари да стигнат до оваа историска победа.
Ова е втора победа на македонската одбојкарска репрезентација на овој мундијал, откако претходно ја победија Данска со што избраниците на селекторот Јошко Миленковски го направија првиот чекор кон пласман во елиминациската рунда на континенталниот шампионат.
Следниот натпревар на Македонија во групата е против Полска.
Г. Т.