Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на УС Опен. Србинот во три сета го совлада хрватскиот квалификант Борна Гојо со 6:2, 7:5, 6:4 и во вторник ќе игра против Американецот Тејлор Фриц за пласман во полуфиналето.
За разлика од мечот со Ѓере во претходното коло, Новак направи брејк веќе во првиот гем и од тој момент целосно ги контролираше случувањата на теренот во првиот сет. Доминираше, направи нов брејк во петтиот гем и рутински го реши првиот сетт во своја корист.
На почетокот на вториот дел Гојо заигра подобро. Тој направи брејк во вториот гем, но Новак веднаш одговори во следниот гем. Следуваше мирен период на игра, во кој и двајцата го задржаа својот сервис до 5:5. Сепак, Гојо попушти во 11. гем. Направи три неизнудени грешки и Новак му го одзеде сервисот, а потоа во следниот гем стигна и до водство од 2:0 во сетови.
Последниот сет заврши 6:4 и Новак се опласира во четвртфиналето на УС Опен каде го чека Тејлор Фриц. Досега Ѓоковиќ и Фриц играле седум пати и резултатот е 7:0 за Новак.