ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Отворено општество“ издвојува 100 милиони евра за нова фондација предводена од Роми

September 5, 2023 12:44
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата Отворено општество денеска објави дека одвојува 100 милиони евра (109 милиони американски долари) за зајакнување и развој на ромските заедници во Европа – што означува нова фаза во тридецениската поддршка на оваа организација за Ромите.

Обврската за финансирање, која ќе трае до 2030 година, ќе биде испорачана преку нова независна фондација, со седиште во Брисел, која ќе биде прва институција со ваков  обем и опсег што ќе биде управувана од ромските лидери од нејзиното отворање следната година.

Покрај тоа што ќе стане нов канал на Отворено општество за поддршка за ромските каузи, новата фондација, исто така, ќе се обиде да развие дополнителни извори на финансирање за да ја унапреди својата мисија.

Објавувајќи го влогот од 100 милиони евра, Александар Сорос, претседател на Фондацијата Отворено општество, рече:

„Со новата генерација на исклучителни ромски лидери кои ги одредуваат стратегијата и приоритетите за финансирање, убеден сум дека новата фондација ќе биде динамична сила – посветена на реализација на целосниот потенцијал на Ромите и надминување на длабоко вкоренетите бариери со кои се соочуваат. Ќе направиме се што можеме за да ја поддржиме фондацијата и нејзиното раководство во мисијата од која ќе имаат корист не само Ромите, туку и цела Европа“.

Фондацијата Отворено општество е водечки приватен поддржувач на Ромите во Европа – најголемото етничко малцинство на континентот – од раните 1990-ти, кога нивната кауза првпат беше прифатена од основачот на Отворено општество, Џорџ Сорос.

Новата ромска фондација за Европа ќе работи со ромски групи во Западен Балкан, Источна Европа, Шпанија, Италија и Германија. Ќе биде предводена  од Жељко Јовановиќ, кој ја раководи Канцеларијата за Ромски иницијативи на Отворено општество од 2010 година.

Жељко Јовановиќ

Фондацијата ќе ги наследи и развива основачките партнерства на Отворено општество со четири водечки иницијативи предводени од Ромите: Европскиот ромски институт за уметност и култура; Иницијативата за развој на ромското претприемништво, Ромите за демократија; и Ромскиот образовен фонд. Исто така, ќе ја продолжи работата на Отвореното општество со низа национални ромски движења, вклучувајќи ги Аресел во Романија, Опре Рома во Србија, Кетане во Италија, Постојаната конференција на Ромите во Бугарија и Аваја во Северна Македонија, меѓу другите.

Јовановиќ, кој ќе биде извршен директор на новата фондација, рече:

„Ќе работиме со сите оние кои можат да ја унапредат нашата мисија – да го комбинираме изборниот и економскиот потенцијал на најголемото малцинство во Европа со гласот на неговите најкредибилни застапници, сојузници кои нè поддржуваат и влијателни пријатели. Нашата цел ќе биде да изградиме фондација која не само што ќе донесе позитивни промени за Ромите, туку ќе придонесе и за европска иднина заснована на правда и правичност“.

Досегашната поддршка на Отворено општество за Ромите вклучува:

• Европскиот ромски институт за уметност и култура, основан во 2017 година, кој беше првиот институт од ваков вид посветен на промовирање на гордоста на Ромите и отстранување на анти-ромските предрасуди преку уметноста.

• Иницијативата за развој на ромското претприемништво, која од 2016 година се обидува економски да ги зајакне ромските заедници преку поддршка на малите бизниси во сопственост на Роми.

• Роми за демократија, програма насочена кон промовирање на учеството на Ромите на избори и демократско претставување.

• Ромски образовен фонд, основан во 2005 година за обезбедувње стипендии и грантови за промовирање на висококвалитетно, инклузивно образование за студенти Роми во Централна, Источна и Јужна Европа и Турција.

Со годишен буџет од над 1 милијарда американски долари (917 милиони евра), Фондацијата Отворено општество е најголемиот приватен финансиер во светот на групи кои работат на унапредување на правдата, слободното изразување и правичноста. Новиот пристап за поддршка на ромските прашања доаѓа во склопп на пошироката рекалибрација на начинот на кој функционира Отворено општество низ светот.

извор: https://www.opensocietyfoundations.org/newsroom/open-society-commits-100-million-to-new-roma-led-foundation

Преземено од Трн.мк
Tags: ромиФондација Отворено општество
Next Post

ITU: Северна Македонија е признаена како земја со една од најразвиените телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk