ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Што бара „Кју Анон“ на протести во Скопје?

September 5, 2023 13:14
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Протестот за случајот со злоупотребата на лековите во Онкологија, на кој граѓаните синоќа излегоа да го изразат револтот и да бараат правда за исклучителната нехуманост од страна на одредени здравствени работници, очекувано, и според најавите, беше киднапиран и злоупотребен од партиите Левица и ВМРО –ДПМНЕ. Од здравствените работници се очекува (и дале заклетва) дека етички ќе ги извршуваат должностите во својата професија. Револтот на граѓаните не смее да се злоупотребува за политички цели.

Освен паролите со говор на омраза и вулгарните транспаренти, меѓу демонстрантите се појави и девојка облечена во народна носија и маска со обележја на познатата озлогласена, екстремно десничарска група Кју Анон, давајќи му на протестот уште една димензија, секако, во погрешен правец. Наместо да им се даде простор на граѓаните да си ги изразат своите незадоволства и револт пред институциите, протестот се сведе на „извонредна“ шанса за дел од опозицискиот блок партии да си ги „играат“ своите агенди на улиците.

Следбеник на Кју Анон во нападот на Капитол Хил, Вашингтон, 6 јануари 2021

За потсетување – кои се Кју Анон?

Кју Анон е американско политичко движење што се бави со теории на заговор, а потекнува од американската екстремно десничарска политичка сфера од 2017 година, и познати по приврзаноста на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.  На светската јавност им се познати по дивјачкиот упад на инаугурација на новиот претседател (Џо Бајден)  во просториите во и околу Капитол, во кој животот го изгубија пет лица, меѓу кои и еден полицаец. Инаку, групата Кју Анон меѓу другите контроверзни активности, е еден од дистрибутерите на лажни вести, дезинформации и пропаганда креирани од Кремљ.

Имајќи ја предвид идеологијата и поврзаноста на Левица со рускиот политички врв, веројатно и овој „орнамент“ на синоќешните протести е дел од нивната „сценографија“ – за покажување лојалност кон своите центри на политичка моќ, но и бескрупулозна злоупотреба на просторот на граѓаните што излегоа на протест по своја волја.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од ЦивилМедиа
Tags: Кју АнонЛевицапротести
Next Post

Во Франција девојчињата кои одбиле да ја соблечат абајата биле отстранети од настава

НАЈНОВО

September 3, 2025

Ветераните на Брегалница и Црвена ѕвезда ќе одиграат натпревар во Штип по повод 100 години постоење на клубот

September 3, 2025

Раул кандидат за нов тренер на Баер Леверкузен

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk