ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Ковачевски – Калас: Естонија со силна поддршка за забрзување на европскиот пат за Северна Македонија

September 5, 2023 16:23
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Талин, се сретнал со премиерката на Естонија, Каја Калас, на која присуствувал и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Оваа средба, информираа од владината прес-служба, е дел од агендата на премиерот Ковачевски во рамки на учеството на Талинскиот дигитален Самит 2023, кој воедно беше и меѓу темите на разговор на билатералната средба.

Во соопштението се наведува дека на средбата се разговарало за блиските и пријателски односи меѓу Северна Македонија и Естонија, кои и како земји сојузнички во Алијансата, ги продлабочуваат преку постојан политички дијалог. Премиерот Ковачевски се заблагодарил за естонската поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија, како и за директната поддршка во полето на сајбер безбедноста и дигитализацијата.

– Премиерот Ковачевски ја запозна премиерката Калас со статусот во нашата евроинтеграција и претстојните чекори кои земјата треба да ги направи на тој пат. Заемно беше констатирана важноста од забрзување на процесот на приближување како на Северна Македонија, така и на другите земји од регионот кон ЕУ, во светло на новата геополитичка реалност предизвикана од воената агресија на Руската Федерација врз Украина. Како непосреден сосед на Русија, денес повеќе од кога било, Естонија ја истакнува и разбира важноста и силата на трансатлантската врска и европската солидарност, и посакува Северна Македонија што побрзо се најде на истата европска маса заедно со Естонија и другите земји членки на ЕУ. Во таа насока, Калас истакна дека Естонија ќе продолжи со својата гласна и силна поддршка за забрзување на македонскиот пат кон ЕУ и активно да делува со другите земји членки на ЕУ поддржувачи на проширувањето, стои во соопштението од владината прес-служба.

Премиерката Калас исто така го поздравила и одговорниот став на Северна Македонија кон Украина и се заблагодарила за поддршката која земјата досега ја има дадено.

– Приклучувањето кон одлуките на ЕУ и целосната координација во однос на санкциите и рестриктивните мерки говорат за ориентацијата на земјата и насоката која Естонија силно ја поддржува, информираат од Владата.

На средбата се разговарало и за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Претседателот на Владата Ковачевски се заблагодарил за естонската поддршка на приоритетите и вложените напори за координацијата во рамки на претседавањето со ОБСЕ.

Tags: Димитар КовачевскиЕстонијаКаја Калас
Next Post

 Со првиот јавен повик од ИПАРД 3 Програмата на располагање се 30 милиони евра

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk