ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Јанаки Митровски контра Апасиев: Кариерата ја почна во Сорос, а сега шиканираш 18-годишни деца како соросоиди

September 6, 2023 12:30
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако ги узурпира и вулгаризира протестите во Скопје за случајот Онкологија, Димитар Апасиев од Левица, на социјалните мрежи, засилува со невиден говор на омраза и повикува на насилство.

„А бе лешпери смрдени (соросписко-вмроидни-џабировски)… На детето од Црвена младина, шо го уапсија џандарите вчера, МАЈКА му има умрено од рак!!!

И немој да ми морализирате за пцовки, оти времето на политичката коректност помина! Бидете среќни шо уште само ве пцуеме, оти следниот пат на клоци ќе ве извадиме.

p.s. Не еден. Два ќе пушите!“, објави на Фејсбук Апасиев.

На преземената објава од Апасиев, адвокатот Јанаки Митровски во коментар одговара дека Апасиев кариерата ја почнал во Сорос: Сорос дебатен клуб, Младински Образовен Форум, а сега шиканира млади 18 годишни деца од МОФ како соросоиди.

„Па Димитар кариерата ја почна во Сорос: Сорос дебатен клуб, Младински Образовен Форум. …Дур ти паша биди соросоид после тоа шиканирај 18 годишни деца од МОФ како соросоиди… “, пишува во коментарите Митровски.

Дебатата помеѓу другите коментатори во конкретниот пост продолжува со посочување на дволичноста на Апасиев за неговиот ангажман во СЈО, како „хонорарец на Катица Јанева“.

Вулгарниот говор на омраза што го користи Апасиев за да се пресмета со своите политички неистомисленици по којзнае којпат излегува од сите морални граници на пристојноста. Осудите на таквото поведение од лидерот на радикално десничарската партија што се нарекува Левица, не стивнуваат на социјалните мрежи. Грб му вртат и доскорешни поддржувачи.

Фотографија од протестот за случајот Онкологија, објавена на фејсбук профилот од Апасиев. Фото: Томислав Георгиев/Фокус

Киднапирањето на протестот за скандалот со кражбата на лекови на Клиниката за онкологија од страна на Апасиев, неговата Левица и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кој, за жал, наместо притисок врз институциите за побрза разврска на случајот, прерасна во протест со говор на омраза, политизација и партизација, е последната епизода од низата скандалозни испади на Апасие и неговите истомисленици.

Д. Е.

Tags: говор на омразаДимитар АпасиевЈанаки Митровски
Next Post

Инфинум ја презеде американската дигитална агенција ExpandTheRoom (ETR)

Најново

Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk