ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За мене поважна е слободата и иднината отколку „компромисот“ со синот на мама Нада

September 7, 2023 11:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Очигледно е дека Уставните измени ќе се случат со некои многу гадни компромиси, не со Бугарите, не со нашето „славно антифашистичко минато“, туку со компромиси заради гадното минато на Никола Груевски.

Имено, сите злосторства за кои јавноста беше скандализирана изминативе години, практично последните 10 години, ќе се претворат во ништо, во аш, ќе се претворат во „пуј пике не важи“, ќе се претворат во „појео вук магарца“. На мисла сум дека на таквата одлука на судот, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ нема ни да писнат. Не само што нема да писнат, туку ќе ги прифатат со големо воодушевување: синот на мама Нада повторно ги превесла сите. Со години им се закануваат на СДСМ: ако сакате Уставни измени, ќе нè ослободите сите, ќе ги ослободите оние кои работеа за Груевски и го хонорираа цела една декада. Вие, почитувани читатели, ако имате друго тумачење, во ред, оти јас друго тумачење немам.

Од друга страна, за нас, тука, Македонците, и останатите граѓани, најчесто се вели дека „ние сме отворени и срдечни луѓе“. Мислам дека тоа е лага. Другите луѓе, надвор од овој „регион“ се далеку поотворени од нас. Ние по малку сме заостанати во своето традиционално уверување дека сме најсрдечни, најотворени и најкомуникативни луѓе во Европа и светот. А всушност сме затворени, затруени и полни со предрасуди.

Отвореноста се мери секогаш спрема односот со првите соседи, а уште повеќе за оние луѓе кои во општеството или заедницата претставуваат малцинство. Во таа смисла, сите ние сме затуцани и преполни со предрасуди. Оние кои меѓу нас не се такви, обично се презрени или осамени. Во денешниот свет во кој живееме, односот кон минатото – како последниот случај со злосторствата на Груевски – докажува дека оваа средина е толку провинцијализирана, злобна и со право не нарекуваат граѓани од третиот свет.

Разбирајќи го сето ова погоре, разбирам дека Груевски денес ги уценува сите: ако сакате Уставни измени, јас ќе ви кажам до кога и под кои услови тоа ќе ви го дозволам. Таквото однесување денес се правда со „носење на закони со Европско знаменце“.

Реформа во едно општество, нè учи Адорно, се воспоставува така што се воспоставува минимален вредносен систем внатре во заедницата. Што во дополнителен превод значи: сите луѓе се еднакви пред законот, дека припадниците на една нација, вероисповед и раса, не се подобри од другите луѓе, дека живееме во Европско и секуларно општество, во кое, на пример, верските заедници не се мешаат во секојдневниот живот на граѓаните, да речеме. А не пак уште да се мешаат во нивните култури, потреби, обичаи и навики.

Ама гледаме, десницата за тоа не дава пет пари. За нив единствено важно е поправање на своето одвратно и злосторничко минато. Ќе те држат до крај – додека не те исцедат – знаат дека си се обврзал во Брисел така што ќе се обидеш да ја истераш Европската рамка со Уставните измени; и исто така знаат дека за да ја истераш таквата рамка, потребни ти се нашите, односно Грујовите гласови.

За иднината, а тука неизбежна е и слободата, малку се води сметка. Слободата, имено, подразбира подобра иднина, или идеја за подобра иднина. А демократијата, очигледно, во нашиот денешен контекст, е обид за избор на помалото зло. Слободата, пак, подразбира некакво добро. Се разбира, ако сте будала, нема да гласате за помалото зло – јас секогаш гласам за помалото зло – затоа што не сакам да им препуштам на другите да гласаат за поголемото зло.

На крајот, во ред: прифаќам Груевски да биде амнестиран ако тоа е цената што треба да се плати за Уставни измени. Прифаќам, велам, Груевски да биде амнестирам, и секогаш ќе гласам за помалото зло, затоа што себе се сметам дека не сум толкава будала да гласам за поголемото зло.

И во конечноста: за мене поважна е слободата и иднината од компромисот со (одвратниот!) син на мама Нада.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌНикола Груевскиуставни измени
Next Post
Фото: ТАВ, Аеродром Скопје

Скопскиот аеродром ја доби наградата за Квалитет на аеродромски услуги за 2022 година на церемонија за доделување награди на АС

НАЈНОВО

Алиу: За еден ден против грип вакцинирани речиси 20 илјади граѓани

October 17, 2025
Скриншот

Трката за ГН на Формула 1 на САД ризична, можни системи за ладење на возачите

October 17, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус под нова истрага од УЕФА

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk